Љубовен хороскоп за јули 2020: Овни - нова врска полна со лаги, Девици - незаборавни љубовни мигови со партнерот

Што ќе ви донесе овој јули во љубовта? Какво лето ќе имате? Кој ќе има подобрување на ситуацијата во врската, кој жестоки конфликти, а кој ќе започне нова врска?

ljuboven-horoskop-za-juli-2020-01.jpg

Од онлајн флерт до започнување врска со пријател, што му претстои на секоја хороскопски знак овој месец?

Овен

Ако сте во врска:

Ќе бидете концентрирани на себе и своите потреби и помалку од обично ќе се потпирате на партнерот. Сепак, мора да ја задржите искрената и отворена комуникација. Можни се мали несогласувања поради вашата преоптовареност со работата, но ништо сериозно.

Ако сте слободни:

Ќе остварите контакт со неколку нови личности кои ќе ви изгледаат забавно. Од долгите разговори со една од нив може да дојде до емотивно зближување. Но, за жал по почетната еуфорија ќе сфатите дека работите што ги говори таа личност најверојатно се лага. Можно е разгорување на некоја стара страст, но најдобро е да не ја прифаќате таа игра.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе имате мали несогласувања и тензија со саканата личност, но во втората половина на месецот ќе ја подобрите комуникацијата. Имате спротивни ставови за важни работи, а нема да можете да се договорите и околу некое заедничко патување. Мора да бидете отворени за компромис.

Ако сте слободни:

Ве очекува променлив период на поле љубов. Ќе запознаете личност што ви се допаѓа и ќе имате шанса за нова врска. Но, мора да бидете сериозни затоа што таа личност отворено ќе ви нагласи дека не сака само авантура. Ако видите дека интересите навистина не ви се поклопуваат, тогаш најдобро е да не влегувате во врска која нема шанси да опстане.

Близнаци

Ако сте во врска:

На вашиот партнер ќе му биде потребно малку повеќе внимание од ваша страна. Вистинско време е да му бидете поддршка и рамо за плачење. Со леснотија ќе ги водите разговорите со него и ќе го охрабрите емоционално. Вашиот однос ќе биде постабилен од кога било. Во втората половина од јули мора да бидете подготвени на компромиси на поле финансии.

Ако сте слободни:

Првата половина од месецот ќе ви биде посветена на интензивни контакти и дружби со пријателите. Ќе запознаете повеќе личности кои ќе ви го привлечат вниманието, но нема да знаете со која да остварите близок однос. Сепак, ќе ја изберете личноста која е најоптимистички настроена и зрачи со ведрина. Можна е и авантура со личност од работа.

Рак

Ако сте во врска:

Потребно е посериозно да пристапите кон врската и со партнерот заеднички да работите на остварување на вашите планови. Потребно е трпение и истрајност за да ги надминете разликите. Во втората половина од месецот ќе имате позабавни мигови заедно и можно е и некое патување.

Ако сте слободни:

Ќе ве фати носталгија по поранешниот партнер и по убавата врска која ја имавте со него. Нова личност ќе ви го привлече вниманието токму поради тоа што ќе личи на вашиот поранешен партнер. Но, ова ќе биде само минлива летна авантура. Мора да поработите на ставот кон една личност од околината што ви се допаѓа.

Лав

Ако сте во врска:

Потребно е да ги усогласите ставовите со партнерот околу вашите очекувања од врската. Мора да обрнете внимание на тоа што тој не го дели истиот ентузијазам со вас во поглед на некои прашања. Веќе долго време сакате да занемарите нешто. Не кријте работи од него затоа што можно е да дојде до кавга и разладување на односите.

Ако сте слободни:

Ќе ви го привлече вниманието кое ќе ви ја понуди својата помош во одредена ситуација. Тоа ќе ви изгледа слатко и шармантно, па лесно може да се впуштите во интимна врска со таа личност. Можно е токму ова лето да ви се случи големата љубов што си ја посакувавте.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе имате потреба од присуството на партнерот во вашето секојдневие, па така постојано ќе смислувате забавни заеднички активности. Ќе ви годи да појдете на заедничко патување каде комплетно ќе си се посветите еден на друг. Успешно ќе ја завршите мисијата да го заинтересирате партнерот за вашето хоби. Цел месец заедно лудо ќе се забавувате со пријателите.

Ако сте слободни:

Овој месец ќе ви се исполнат голем дел од вашите очекувања во љубовта. Познанството со некоја ведра и забавна личност ќе ви биде навистина инспиративно и со неа ќе минувате голем дел од времето. Ќе ви се појават љубовни емоции, аккви што сте немале долго време. Можно е започнување на долга и среќна врска.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg