Најважната лекција која секој хороскопски знак треба да ја примени до крајот на јули
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најважната лекција која секој хороскопски знак треба да ја примени до крајот на јули

На половина сме од годината која ќе остане запаметена како една од најлошите во историјата на човештвото.

Najvaznata-lekcija-za-sekoj-znak-juli-01.jpg

Сепак не смееме да се откажеме и мора да продолжиме понатаму со сите сили. Астролозите советуваат во неколку куси реченици – како полесно да го преживеете месецот јули:

Овен – Научете како да се одморите

Треба да научите како да ја ослободите тензија од себеси, без да ги малтретирате другите луѓе и да ја насочувате кон нив. Спорт, музика, читање, патување – исполнете си го времето со она што најмногу ве привлекува и наполнете ги батериите.

Бик – Поврзете се со себеси

Одвојте време за да ги разберете вашите желби и амбиции. Ѕирнете во вашата душа, затоа што дури тогаш ќе можете да донесете правилни одлуки. Немојте да брзате никаде, и покрај карантинот, си немате посветено доволно време на себеси подолг временски период.

Близнаци – Дајте за да добиете

Навикнати сте да примате (љубов, внимание, енергија, подароци …), но време е и да дадете. Вашиот партнер ќе ви донесе многу среќа, нежност и внимание овој месец, но мора да покажете почит и грижа доколку сакате да го задржите покрај вас.

Рак – Не плашете се од грешки

Сите се стремиме кон избегнување на грешките, заборавајќи дека тие нè водат кон успехот. Бидете подготвени да направите грешки и да научите од нив – и на работното место и во љубовта. Ќе се почувствувате како победник и покрај направената грешка, тоа ќе ве направи посилни.

Лав – Бидете емотивно достапни

Отсекогаш сте се плашеле од ранливост. Во јули, обидете се да бидете отворени и реални, бидејќи тоа ќе им овозможи на луѓето околу вас да ви веруваат и да ги споделат своите емоции со вас, а вие да ги споделите вашите со нив.

Девица – Извинете се

Можеби во последните денови сте имале несогласувања со вашата сакана личност. Локацијата на планетите ќе ви помогне да ги исчистите недоразбирањата, но ќе треба да се смирите и да се однесувате поумерено и поразбирливо со партнерот. Мора да сфатите дека не сите се „совршени“ и „безгрешни“ како вас.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои треба да ги знаете пред да влезете во врска со Овен Официјално започна сезоната на Овен, а по тој повод откриваме неколку работи за ...
„Зошто се разбудив толку рано?“ - првата мисла на секој од знаците во новогодишното утро За некои е сосема обично утро како и секое друго. За други 1 јануари означува но...
Годишен хороскоп за 2018-та - Вага Во оваа година мора да обрнете повеќе внимание на здравјето, додека не е доцна. ...