Рибите губат важни предмети, вагите трошат премногу пари – лоши навики од кои знаците не може да се ослободат
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рибите губат важни предмети, вагите трошат премногу пари – лоши навики од кои знаците не може да се ослободат

Покрај позитивните, секој од нас има и негативни карактеристики. Астрологијата уверува дека дел од нив се типични за секој хороскопски знак.

Losi-naviki-od-koi-znacite-ne-moze-da-se-oslobodat-01.jpg

Девицата е толку многу организирана, што нејзината педантност ќе ви оди на нерви. Лавот ќе ви прости, но никогаш нема да заборави. Од кои лоши навики не може да се ослободи секој од знаците?

Овен – заборава да врати на пораките. Всушност, Овенот толку може да се задлабочи во работата, што со денови нема да ви врати ниту збор на вашите пораки, без разлика дали станува збор за СМС-порака или оние оставени на социјалните медиуми. Подобро навикнете се на ова однесување, нема да го смени наскоро.

Бик – зборува за време на филмови. Секогаш има некој коментар за актерите, начинот на кој камерата се „тресе“ и колку го нервира сето тоа. Бикот е оној којшто се обидува да го погоди крајот на филмот, оној што непрестајно јаде грицки за време на филмовите, личноста која е најнапорна кога сакате да изгледате филм во мир и тишина.

Близнаци – пребрзо осудува. За Близнаците е особено важен првиот впечаток за кој нема втора шанса. Тие пребрзо носат суд и одлука за нечиј карактер или постапки. Подоцна може да се покаат, но дотогаш веќе го изнеле своето мислење секаде. Се чувствуваат виновно што толку нагло ги осудиле другите, но нема враќање назад.

Рак –  се однесува претерано заштитнички. Кога Ракот чувствува љубов и блискост кон некого, тогаш е целосно предан и се однесува премногу заштитнички. Ваквата посветеност понекогаш преминува кон посесивност. Но, Ракот не може да го контролира ова свое однесување.

Лав – простува, но не заборава. Лавот е едноставно премногу горделив за да ги заборави сите оние луѓе и постапки коишто го повредиле. Тој ќе ви прости релативно брзо, бидејќи сака да покаже дека не се заморува со ситници. Но, нема никогаш да заборави. Тогаш кога најмалку очекувате ќе го употреби ова против вас, како низок удар под појасот.

Девица – претерано е организирана. Што дури им оди на нерви на останатите околу неа. Девицата не може да заспие доколку знае дека има нечисти садови, неиспрани алишта, несредена дневна соба. Има обичај да ве „скенира“ додека зборува со вас и да ви зачистува влакна или трошки од облеката која ја носите на себе.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскоп во една реченица: Што да очекувате од 2018-та година? 2018-та година на некого ќе му донесе радост и убави моменти, на друг успех на п...
„Зошто се разбудив толку рано?“ - првата мисла на секој од знаците во новогодишното утро За некои е сосема обично утро како и секое друго. За други 1 јануари означува но...
Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак? Луѓето се навикнати да читаат на интернет само фини работи и пофалби за својот з...

Најчитани неделава