Колку хороскопските знаци веруваат во хороскоп?

Кој е скептичен кон астрологијата, а кој со душа чека да прочита што му предвидуваат ѕвездите?

kolku-horoskopskite-znaci-veruvaat-vo-horoskop-001.jpg

Кој чита од забава, а кој слепо се држи со препораките на астролозите?

Овен и Лав

Овенот и Лавот главно добронамерно ја толерираат астрологијата. Не се претерано склони на алтернативни дисциплини и не веруваат во оние подрачја кои се обидуваат да го проучат недопирливото, односно невидливите сили.

Бик и Рак

Биковите и Раковите можат да бидат малку плашливи кога се работи за астрологијата. Често имаат претстава дека може да дознаат нешто вознемирувачко, што ќе им ја разниша сигурноста. Ги интересира хороскопот, но со доза на резерва.

Близнаци, Вага и Водолија

Овие три знаци се најрационалните знаци во Зодијакот, па им требаат многу информации, образложенија и анализи, за да ја прифатат астрологијата како наука.

kolku-horoskopskite-znaci-veruvaat-vo-horoskop-2.png

Девица и Јарец

Девицата е противник на астрологијата, исто како и Јарците кои со двете нозе цврсто стојат на земја. Како професор на испит кој се обидува да ве бутне по секоја цена, Девицата или Јарецот се подготвени да поставуваат милион прашања, додека не стигнат до прашање кое нема одговор.

Скорпија

Скорпиите ги сакаат сите работи кои се таинствени, па затоа хороскопот и астрологијата ги сметаат како „тајно толкување на личноста.“

Стрелец

Стрелецот има голема потреба за разбирање на животот и потребни му се одговори. Астрологијата често му помага да ја состави шемата во својата глава, односно поголемата слика на Универзумот.

Риби

Со комплетно отворен ум и срце, Рибите покажуваат голема почит кон сите дисциплини кои се алтернативни. Интензивно чувствуваат, па сакаат кога невидливите работи им се објаснети и доближени.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
4 хороскопски знаци на кои во 2026-та ќе им се исполнат соништата Новата 2026 година која е на прагот, најавува големи пресврти и силни планетарни...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава