Љубовен хороскоп за ноември 2020: Биковите ќе откријат неверство, Близнаците ќе почнат заеднички живот

За повеќето парови, ноември е месец на несогласувања и негативни енергии, но ќе има и такви кои ќе процветаат – што ве очекува вас на љубовно поле?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2020-bikovite-kje-otkrijat-neverstvo-bliznacite-kje-pochnat-zaednichki-zhivot-01.jpg

За кого ноември ќе донесе нови почетоци и зацврстување на односите, а за кого месецот ќе заврши кобно на љубовно поле?

Прочитајте си го љубовниот хороскоп:

Овен

Ако сте во врска:

Можно е да дојде до одбивност во односот со партнерот. Ќе бидете тврдоглави и ќе се држите до своето, без размислување за попуштање. Ако не најдете компромис, ова може сериозно да ѝ наштети на врската. Во втората половина на месецот ќе има сериозни несогласувања околу заедничките цели и вложување пари. Не ги таложете проблемите, ако не ги решавате навреме, брзо ќе дојде до куршлус.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе ви донесе љубовни чувства кон личност која ви буди неконтролирани страсти. Ќе имате однос кој на почеток ќе делува на емотивна врска, но набрзо ќе се појави силна љубомора и посесивност кај вас. Несогласувањата ќе зачестат и можно е разделување без објаснување. Оние позрелите, ќе влезат во авантура за интимни односи.

Бик

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе дојде до сериозни несогласувања поради засилени страсти и љубомора. Ќе откриете тајни кои партнерот ги криел од вас. Некои Бикови ќе откријат неверство. Можен е прекин на врската, но ќе бидете отворени за компромиси. Кон средината на месецот напнатоста ќе опадне, а до крајот на месецот ќе почнете искрени разговори.

Ако сте слободни:

Чувствувате силна привлечност кон личност која не е слободна, а ќе добиете и понуда за тајна врска. Ако го прифатите тоа ќе се најдете во ситуација каде на полошиот начин ќе сфатите дека сте некому само издувен вентил. При крајот на месецот ќе запознаете некој со разбирање и ќе ви се покаже како прилика за врска.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во првата половина на месецот ќе имате шанса да ги подобрите условите за заеднички живот. Можно е да купите нов заеднички дом или да вложите во веќе постоечкиот. Времето ќе го поминувате заедно, ќе одите на заеднички патувања. Од втората половина бидете внимателни, можно е да влезе трета личност. Избегнувајте флертови, тоа ќе предизвика несогласувања во врската.

Ако сте слободни:

Личноста која на почеток ви се прикажуваше како пријател сега ќе се обиде емотивно да ви се приближи. Страсти може да се појават кај двајцата, но ако се впуштите во ова, набрзо ќе сфатите дека не си одговарате. Ќе дојде до љубоморни сцени. Најдобро да го избегнете ова. Постарите може да се впуштат во авантура со личности со сомнителен морал.

Рак

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот носи несогласувања за вас и партнерот околу домашните и семејни обврски. Повеќепати ќе ви се менуваат заедничките планови и ќе чувствувате притисок. Во втората половина на месецот односите може да ви се заладат, ќе ве обземе љубомора и често ќе бидете обвинувани. Сите проблеми ќе се расчистат до крајот на месецот ако се отворите.

Ако сте слободни:

Со својата појава ќе привлекувате внимание каде и да се појавите и ќе знаете да си ги истакнете квалитетите. Ќе посакате емотивна врска, но ќе бидете воздржани заради сомнителни околности. Тоа ќе предизвика разочараност кај некого. Кон крајот на месецот можно е да се усогласите преку подобро запознавање и отворена комуникација.

Лав

Ако сте во врска:

Договорите и општо комуникацијата со партнерот ќе се одвиваат отежнато на почетокот од месецот. Тешко ќе се разбирате и ќе имате многу малку меѓусебна доверба. Кон средината на месецот ќе има подобрување во односите, но набрзо повторно следи леден бран. Непопустливоста ќе ви биде лоша страна. Ќе ги надминете тешкотитее само ако попуштите.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате неодолива привлечност кон некој кој зрачи со страст, но воопшто не важи за постојана и стабилна личност во врските. Знаете во што се впуштате, но сепак ќе изгубите трпение и ќе започнат љубоморни сцени. Мора да си признаете себеси дека само интимниот живот ви е заедничко нешто.

Девица

Ако сте во врска:

Ноември ќе биде ваш месец и првите две декади ќе ви бидат исполнети со многу заеднички активности. Дефинитивно ќе успеете да се извлечете од есенската монотонија и ќе има простор за забава. Во последната декада избегнувајте секаков флерт на страна и не кријте ништо од партнерот. Околу вас ќе има сомнителни личности кои нема да бидат по вкус на партнерот. Не провоцирајте.

Ако сте слободни:

Ќе ви се нудат повеќе прилики за почеток на некоја врска, но важно е да направите добар избор. Покрај вас има личност која секогаш ви буди добро расположение, но не забележувате дека е склона кон паралелни врски. Отворете ги очите. Правете добра процена, не судете веднаш.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg