Љубовен хороскоп за ноември 2020: Биковите ќе откријат неверство, Близнаците ќе почнат заеднички живот

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2020-bikovite-kje-otkrijat-neverstvo-bliznacite-kje-pochnat-zaednichki-zhivot-01.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ноември може да ви донесе оддалечување од саканата личност заради љубомора, несогласување околу заеднички цели и желбата за центар на внимание. Нема да излезете во пресрет на желбите и потребите на партнерот, а тоа може да донесе сериозни последици. Во втората половина ќе решите некои несогласувања ако претходно не се искомплицирале доволно работите. Некои парови ќе се разделат.

Ако сте слободни:

Ќе слушнете многу непријатни работи за симпатијата од луѓето околу вас, но ќе решите да одите со глава во ѕид. Сосема сте спротивни, но чувствувате привлечност. Сепак, тоа не го оспорува фактот дека брзо ќе дојде до несогласувања и наметнување различни ставови. Некои ќе го надминат ова и ќе ги зајакнат страстите, а други нема да го издржат притисокот.

Скорпија

Ако сте во врска:

Овој месец ќе донесе сериозни несогласувања со партнерот. Двете страни ќе инсистираат на љубов и внимание, но нема да сте подготвени да дадете нешто пред да добиете што барате. Мора да најдете заеднички прифатливо решение, бидејќи во втората половина односот дополнително ќе се искомплицира. Ќе бидете склони кон нагли одлуки и реакции.

Ако сте слободни:

Ноември не е поволен за почеток на нови врски. Ќе бидете физички привлечени од некоја личност и ќе сакате без размислување да се впуштите во интимни односи. Но, ништо повеќе од тоа. Сепак, овој однос ќе трае предолго и ќе се појави љубомора и негативни емоции. Побрзо прекинете го ова.

Стрелец

Ако сте во врска:

Нема да го добиете потребното разбирање од саканата личност и тоа ќе доведе до несогласувања. Склони сте кон повлекување и прекинување на комуникација. Кон крајот на месецот ќе ве облеат позитивни чувства и ќе омекнете кон партнерот. Ќе успеете да дојдете до успешен договор за заедничките цели.

Ако сте слободни:

Големото вљубување кое ќе го доживеете и во кое ќе се впуштите без размислување, подоцна ќе ви донесе и големо разочарување кога ќе дознаете дека личноста веќе во друга врска, а вие сте само за забава. Кон крајот на месецот ќе ви се појави личност која го заслужува вашето внимание. Дајте шанса.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата декада на ноември ќе ви донесе тензија во односот со саканата личност и тешко ќе се усогласите околу семејните прашања. Обврските кои ги имате не ви дозволуваат да се посветите еден на друг, но заедничките активности ви се неопходни. Бидете отворени и најдете заедничко решение. До крајот на месецот треба да ги решите несогласувањата со упорност и работа на врската.

Ако сте слободни:

Почнувате да се зближувате со личност која сте ја запознале неодамна и ќе почнете често да се гледате. Ќе ве поврзат заеднички интереси и активности во кои ќе уживате. Разговорите ќе се одвиваат со часови, па ќе ви недостасува поголема приврзаност. Бидете трпеливи.

Водолија

Ако сте во врска:

И за Водолиите месец ноември нема да биде совршен на љубовно поле. Следи период во кој партнерите се тврдоглави, тераат по свое и постојано ги наметнуваат своите ставови. Во текот на месецот постојано ќе има недостаток на комуникација, што ќе предизвикува недоразбирања и несогласувања. Тешко ќе може да ги избегнете, но ќе мора да бидете отворени и да најдете заеднички пристап кон проблемите.

Ако сте слободни:

Слободните Водолии ќе бидат во искушение да започнат нова врска. Ќе бидете облеани со хармонија и љубов, ќе имате шанса да започнете квалитетна врска, но на почетокот можни се многу препреки на кои многумина ќе се откажат. Најупорните ќе им се спротивстават на препреките и ќе ја достигнат својата цел до крајот на месецот.

Риби

Ако сте во врска:

Во почетокот на месецот ве очекуваат тешкотии во комуникацијата со саканата личност и несогласувања во заедничките цели. Потребно е трпение и да го најдете најдоброто решение. Воздржете се од љубоморни сцени. Добро ќе ви годи викенд патување. Искористете го секое време за зајакнување на односите.

Ако сте слободни:

Ќе имате повеќе понуди за дружење и излегување, а токму на овие настани ќе запознаете личност која ќе ве шармира. Имате заеднички мислења и модерни сфаќања и ставови, тоа посебно ќе ве привлече. Ќе почнете веднаш да се гледаде и веројатно ќе започнете сериозна врска до крајот на месецот.



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава