Ова е нивниот месец – жените Скорпии доминираат, зошто се толку неодоливи?

Таа не е жена, туку волшебничка која ќе ве маѓепса од првиот момент и мора да знаете дека веќе по првата средба ве познава многу подобро отколку што се познавате самите себеси.

Zenite-Skorpii-dominiraat-01.jpg

За да ве направи среќен ќе се искачи на пиедестал, за да ве направи посилни ќе ве фрли во најдлабоките искушенија…

Ако е за утеха, таа би го дала својот живот за вас, само продолжете да ѝ докажувате дека вредите. Чекорете храбро покрај неа низ сите искушенија и никогаш, никогаш не ја изневерувајте.

Ќе откриете што е вистинска посветеност и страст, ќе научите како страсно се љуби со срце, тело и дух. Сè што жената Скорпија бара од вас е да ѝ дозволите да ви верува.

  • Скорпијата најдобро си одговара со: Бик, Рак, Јарец, Риби.
  • Најчести професии: деловна жена која има своја агенција или свој бизнис, организатор, банкар, доктор, истражувач, научник.
  • Болести од кои најчесто страдаат: половите органи, ендокриниот систем, главоболки, а склони се и кон повреди.
  • Најсреќен ден: вторник
  • Број: 8
  • Боја: обожаваат темни бои, црна, темносина, темнокафеава, темнозелена, виолетова.

Жената Скорпија нема никаков проблем да привлече маж. Таа е тип на жена која поседува силна енергија што предизвикува и опива.

Покрај тоа, оваа жена поседува и експлозивен темперамент. Таа ќе го искористи својот заводлив и хипнотички изглед за да го заслепи и освои избраниот партнер.

Оваа дама бара многу кога станува збор за љубовта и брзо го губи трпението ако нејзиниот партнер не најде начин да ја задоволи. Ќе му биде верна на својот партнер сè додека не почувствува некоја негова слабост.

Обожава љубовни игри и заведува со еден гест или поглед. Секој нејзин потег е внимателно осмислен и има за цел да влијае на спротивниот пол.

Жената Скорпија секогаш има целосна контрола над нејзиниот живот. Таа не се плаши речиси од ништо, ги мрази измамниците, оние кои се потпикуваат и дозволуваат некој друг да им го диктира животот, вкусот и мислењето.

Внимание – оваа жена може да биде многу опасна и непредвидлива доколку смета дека е изневерена

Нејзиниот партнер мора да биде доминантен, горд, самоуверен и во секој случај многу мажествен. Во никој случај не смее да биде агресивен.

Таа ќе го избере не само поради неговата интелигенција, туку и поради фактот дека тој е оној кој е подготвен да ја сретне на половина пат за сè во животот.

Оваа жена ќе му биде верна на ваквиот човек и нема да им обрнува внимание на другите мажи. Дури и кога нејзиното мислење нема да се поклопува со неговото, таа ќе застане цврсто покрај него јавно и ќе ги брани неговите ставови, бидејќи е екстремно лојална.

Ова е жена која очигледно има вишок на енергија, па затоа или постојано прави нешто или е во кревет нонстоп. Таа е љубоморна и посесивна, нетолерантна и тврдоглава, а нејзиното шесто сетило никогаш не може да ја измами.

Скорпијата е привлечна, храбра, секси жена која има многу живописна имагинација и отровен јазик – особено ако е лута или повредена. Таа сака сè што е зачинето, храна, пијалаци, секс – без никакви предрасуди.

Таа е силна, моќна, импресивна, одлучна, често егоцентрична, сурова, лукава, и ја наметнува својата волја не затоа што е лоша, туку затоа што смета дека е во право.

Скорпијата е одлучна, страсна, посесивна, многу перцептивна, смела, склона кон магии, загадочна, интелигентна, сака да истражува, упорна, арогантна, себична, суетна, достоинствена, горделива, перцептивна, талентирана, има способност да се справи со ненадејни ситуации, но е и склони кон пороци.

Ќе ја препознаете по продорниот поглед и големите очи со кои ве соблекува – и физички и психички. Неа не ја интересира изгледот на нештата, таа ја сака суштината.

Таа има оган во срцето и страст во крвта. Со неа сè е екстремно – и љубов и омраза. Кој некој сака да ја освои, доволно е да ѝ ги покаже своите силни чувства. И таа нема да отстапи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg