Најдобриот ден да побарате покачување според астрологијата – среда, ден на планетата Меркур

Античките пророци забележале дека секој ден од неделата е енергетски поврзан со една од седумте видливи планети. 

najdobriot-den-da-pobarate-pokacuvanje-spored-astrologijata-sreda-den-na-planetata-merkur-01.jpg

Тие советувале дека одредени активности и однесувања што одговараат на природата на планетата се поврзани со соодветни денови, што ги зголемува шансите за успех.

СРЕДА – Меркур, порака од боговите

Со средата управува Меркур, поврзан со трговија, знаење и информации. Умот е многу активен, љубопитен и отворен за комуникација и размена на информации токму во среда.

Луѓето родени во среда размислуваат брзо, исклучително се весели и оптимистични и лесно стекнуваат нови знаења.

Овој ден е погоден за патувања, трговија, склучување договори, нови контакти, административна и интелектуална работа. Проблемите се решаваат со почитување на интересите на обете страни, мирно и без конфликти.

Среда е ден на планетата Меркур, ден на комуникација, учење и образование, кратки патувања.

Ова е поволен ден за барања, и деловни понуди. Контактирајте го секој што може да ви даде совет, бидејќи во овој ден сигурно ќе добиете мудри насоки.

Комуницирајте со деца, но и со повозрасни луѓе во среда за да го подобрите меѓусебното разбирање. Среда воедно е и одличен ден за консултантски услуги, важни состаноци и трговија, маркетинг активности.

Среда е одличен ден да се осмелите да побарате покачување од шефот. Многумина сметаат дека два дена порано тие се преоптоварени со работата што ги чека во текот на неделата, а два дена подоцна веќе размислуваат за викендот и полесно ги одбиваат барањата.

Денот на Меркур

На санскрит Меркур се нарекува Буди и значи комуникација и наша ментална енергија, перцепција, интелигенција, способност за изразување, начин на размислување, согледување и запомнување. Тој е како мост помеѓу внатрешниот и надворешниот свет.

Среда е добар ден за одржување состаноци, преговори, договори, маркетинг и други слични преписки, за сè што има врска со говори, предавања или забава, бидејќи Меркур сака забава и игри. Исто така е најдобриот ден за развој на бизнисот и барање дополнителни решенија и опции.

Меркур владее со нервниот систем и органите за дишење, екстремитетите – рацете и нозете, рамената, дланките и прстите. Меркур сака движење и игра.

Пожелно е да носите нешто во жолта, зелена или тиркизна боја во среда за да навистина денот ви биде среќен.

Растенијата и плодовите со кои владее Меркур се босилек, детелина, анасон, ким и лешник.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една работа која прави секој хороскопски знак да се чувствува безбедно во љубовта Скорпиите имаат емоционални потреби кои се длабоко поврзани со важноста на довер...
Утре почнува вториот ретрограден Меркур во 2026-та: Како ќе влијае врз секој хороскопски знак? Риби, ако сте во посериозна врска и ви се чини монотона, бидете сигурни дека пер...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
На кои датуми ќе има ретрограден Меркур во 2026-та и како ќе влијае на секој хороскопски знак? Ретроградниот Меркур во 2026-та година ќе се појави трипати и секојпат ќе трае о...
Хороскопски знаци на кои конечно ќе им се подобри животот, еден месец по крајот на ретроградниот Мер... Девици, Меркур е планетата што владее со вашиот знак, па сега, еден месец по зав...

Најчитани неделава