Годишен хороскоп за 2021: Лав

За Лавовите, 2021 ќе биде година на овие проекти, можности и проширување на хоризонтите, но и длабоки промени на љубовно и лично поле..

godishen-horoskop-za-2021-lav-01.jpg

„Бизнис сетилото“ ќе ви биде многу изострено и ќе знаете како да ја искористите секоја прилика како своја предност.

Ќе бидете многу трпеливи и ќе знаете каде и кога да притиснете, ќе бидете фокусирани на сите аспекти, и на приватниот и на професионалниот, ќе покажете голема одговорност.

Во месеците март и април, Лавовите ќе бидат исклучително креативни, оригинални и насочени кон нови откритија.

Оние кои работат во доменот на истражувања ќе постигнат неочекувано добри резултати, а ќе може да се потпрете и на вашата интуиција.

Финансии и работа

Ќе имате повеќе шанси да си ги зголемите приходите во текот на годината, треба добро да планирате што повеќе ви се исплати, да размислувате стратешки и среќата ќе ви се насмевне на ова поле.

Парите нема да ви паднат од небо ниту на лотарија, ќе си ги заработите со многу труд и работа. Иако нема да имате проблеми со скратен буџет, сепак ќе мора добро да ги менаџирате финансиите и трошоците.

Септември и октомври се најдобри месеци кога станува збор за финансиски аспект, а работата во партнерство може да ви помогне да си ја подобрите финансиската состојба.

Нема да имате потреба од други драстични промени во работата или кариерата, но ќе мора да покажете поголема сериозност и професионалност со новите ангажмани.

Мажите Лавови ќе бидат посклони кон преземање ризици, но внимавајте да не ви стане навика па да престанете да ги пресметувате последиците и да се соочите со непријатни изненадувања.

Втората половина од годината ќе биде подобра од првата. Во 2021 ќе имате можност да станете лидер на работа и да добиете унапредување кое ќе ви заработи сочен бонус на крајот од годината.

Љубов

Голем дел од Лавовите ќе влезат во необична љубовна фаза со многу нејаснотии која ќе трае малку подолго.

Ова ќе биде голем предизвик кој може целосно да ви го промени погледот на љубовта, гледањето на самите себе и себе-вреднувањето, но и за тоа како сакате да го поминувате слободното време.

Жените Лавови посебно ќе сакаат да надоместат за изгубеното време, па ќе се фокусираат на насочување на животот кон поголемо искористување на секој момент и квалитетно поминато време.

Ако сте во врска ќе мора да го поминете тестот на сериозност и издржливост во некој период од годината.

Доколку сте истрајни, врската може да претрпи промени кои кај повеќето може да влијаат позитивно, а останатите ќе сфатат дека не биле со вистинската личност.

За оние кои успешно ќе го поминат тест периодот дотогаш, август и септември се идеални за брак.

За слободните Лавови не може да се каже дека 2021 ќе започне со посебно идилична и романтична атмосфера на љубовно поле.

Во првите месеци од годината ќе постои личност која ќе влијае на вашиот приватен живот, но ова ќе биде период кога ќе се поврзувате со различни личности, ќе бидете вклучени во разни друштвени активности и може да станете дел од нов тим, па нема многу сериозно да гледате на љубовната авантура.

Процутување на љубовниот живот може да се случи дури околу јуни и јули, во тој период многу слободни Лавови ќе имаат можност да заблескаат покрај некоја важна личност.

Здравје

Здравјето на Лавовите може да биде поранливо во периодот до октомври, па тоа ќе биде причина да бидете повнимателни и да се стремите кон превенција на здравствени проблеми, но не и причина за паника и грижа.

Добро е да се фокусирате целосно на себе и однатре да почнете да ги правите промените, почнувајќи со здрави навики и здрав начин на живот.

Генерално добро ќе се чувствувате, но промените кои ќе ги направите ќе создадат уште поголема добросостојба и спокој кој ви е и повеќе од потребен со оглед на стресните ситуации.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg