Љубовен хороскоп за март 2021: Овните ќе имаат сомнежи, Раковите - магнетска привлечност со личност различна од нив

Каква енергија и новости ќе ви донесе месец март на поле љубов? Дали ќе цветаат работите во вашата врска или ќе сретнете личност со која сте подготвени на авантура која не знаете каде води?

ljuboven-horoskop-za-mart-2021-rakovite-kje-imaat-magnetska-privlechnost-so-lichnost-sosema-razlichna-od-niv-devicite-izjavi-na-ljubov-01.jpg

Кој ќе се посвети комплетно на решавање на несогласувањата во врската, а кој ќе одлучи дека е време за нешто ново? Кој ќе биде во фазон „сѐ за љубов“, а кој ќе има време само за себе и пријателите?

Овен

Ако сте во врска

Почетокот на овој месец ќе донесе нешто ново во односот со партнерот. Конечно ќе ви се реализираат вашите потреби и желби на емотивен план. Ќе имате интимни мигови со саканата личност, а во втората половина од месецот интимниот живот ќе ви биде пострастен од кога било.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе запознаете креативна личност со бујна фантазија и двајцата инстантно ќе почувствувате дека сте си ја пронашле својата сродна душа. Но, дури кон крајот на месецот ќе бидете сигурни дека вашиот партнер искрено се вљубил во вас. Сепак, можно е да дознаете некоја сомнителна информација за оваа личност, но толку ќе бидете вљубени што ќе ја занемарите.

Бик

Ако сте во врска

Ќе бидете мотивирани на саканата личност да ѝ дадете поддршка како никогаш досега. Ќе се ангажирате во остварување на заедничките цели и ќе пронаоѓате разни начини на кои ќе му покажувате на партнерот колку всушност ви значи. Заедно ќе вложувате во домот и ќе се ангажирате околу преуредување. Комуникацијата ќе ви биде подобра од кога било.

Ако сте слободни

Ќе трагате по личност која е динамична, полна со енергија и која ќе ви биде мотиватор и движеќка сила. И ќе запознаете токму таква. Оваа личност ќе ви го засили интересот за спорт и социјални активности. Овој однос има шанса да се претвори во сериозна емотивна врска, но само ако добро се потрудите бидејќи станува збор за човек кој не сака премногу да се врзува.

Близнаци

Ако сте во врска

Конечно ќе ја подобрите комуникацијата со саканата личност, ќе уживате во размената на мислења и во заедничките патувања. Комплетно ќе се посветите еден на друг и лесно ќе доаѓате до договори. Поголемо внимание ќе посветувате на сексуалниот живот и со тоа некако ќе исчезне и последниот атом тензија меѓу вас.

Ако сте слободни

Ќе запознаете личност што ќе ве возбудува на интелектуално поле, која ќе биде комуникативна и полна со идеи. Средбата ќе биде преку работа или пак на некоја обука или семинар. Уште од првиот миг ќе сфатите дека имате многу заеднички интереси. Ќе почнете интензивно да се гледате, но без обврски, затоа што за почеток така ќе ви одговара и на двајцата.

Рак

Ако сте во врска

Конечно ќе ја почувствувате поддршката што ви е потребна од партнерот. Еден на друг ќе си бидете потпора и ќе си разменувате нежности. Убаво би било доколку појдете некаде каде времето ќе си го посветите само еден на друг. Врската ќе ви биде постабилна од кога било, а односот хармоничен. Ќе уживате во дружбите со заедничките пријатели.

Ако сте слободни

Магнетски ќе ве привлече личност која е комплетно различна од вас. Уште на првата средба ќе сфатите дека сте заинтересирани за слични работи, но дека на тие работи им пристапувате комплетно поинаку. До крајот на месецот спонтано ќе започнете врска. Љубовта ќе биде обострана.

Лав

Ако сте во врска

Од мали планови ќе настанат големи, а од мали идеи ќе дојдете до една неверојатна и грандиозна идеја, а најинтересно од сè е што партнерот ќе ви ја пружи комплетната поддршка притоа. Ќе ви годат дружбите со заедничките пријатели и одново ќе откриете дека со партнерот имате слични интереси. Во клучен животен миг ќе му бидете најсилната поддршка.

Ако сте слободни

Ќе излегувате почесто од обично и ќе учествувате во разни групни активности. Постојано ќе бидете во комуникација со огромен број на луѓе и нема ниту да чувствувате потреба за емотивна врска. Можно е односот со некој пријател да се претвори во нешто повеќе, но не прифаќајте било какви условувања од самиот почеток.

Девица

Ако сте во врска

Со партнерот ќе ги имате потребните мигови на мир и емоции. Ќе чувствувате топлина и вистинска љубов, а со покажување на вашата ранлива страна ќе го изненадите партнерот. Односот ќе ви добие на квалитет, а вие ќе се забавувате заедно повеќе од кога било. Лесно ќе се договарате околу идните планови.

Ако сте слободни

Иако нема да очекувате, ќе сретнете личност каква што си посакувате себеси, и емотивно и интелектуално. Пред сè оваа личност ќе ве привлече со изгледот, но потоа ќе се вљубите во нејзината енергија и страст. За кусо време ќе имате чувство дека сте си ја пронашле сродната душа. Нема да ги потиснувате емоциите и отворено ќе ѝ изразувате љубов.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg