7 реченици со кои сигурно ќе ги разлутите Овните

Импулсивни се, но и страствени, харизматични, храбри, темпераментни и тврдоглави. Сите овие карактеристики ги прават Овните еден од најкомплексните знаци во Зодијакот.

7-rechenici-so-koi-sigurno-ke-gi-razlutite-ovnite-001.jpg

Во продолжение, како предупрадување нека ви служат 7-те реченици кои не смее да ги користите во нивно присуство, бидејќи со сигурност ги лутат:

1. „Сигурно не ти треба помош?“

Не, не им треба помош и престанете да ги прашувате. Овните си ја сакаат независноста, сакаат да ги прават работите по свое и без притоа никој да им се замеша. Ако им треба помош – сами ќе ја побараат.

2. „Ова го направи погрешно.“

Конструктивната критика е поим кој не постои за Овните. За нив обично тоа се перципира како навреда.

3. „Стрпи се малку.“

Од нив го барате невозможното. Овните немаат трпение. Работите ги сакаат тука и сега.

4. „Се однесуваш како дете.“

Секако дека нема тоа да го признаат, но Овните се свесни за својата фамозна тврдоглавост и краткиот фитиљ. Истакнувањето дека се однесуваат како дете, само додава масло на огнот.

5. „Тоа нема да ти успее.“

Само гледајте како го прави тоа од инает, само за да ви докаже дека грешите.

6. „Смири се малку.“

Овој обид за смирување никогаш не помага, независно од хороскопскиот знак. Меѓутоа, кога оваа реченица ќе му ја упатите на Овнот, бидете подготвени за излив на бес.

7. „Престани да зборуваш.“

Овните се комуникативни и постојано сакаат да го искажуваат своето мислење, а едно е сигурно – мислење имаат за секого и за сè.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Какво лето ве очекува годинава, според хороскопскиот знак? Риби, на почетокот од летото подгответе се за неочекувани, (а и несакани) средби...

Најчитани неделава