Љубовен хороскоп за април 2021: Бикови – обид да го најдете вистинскиот, Девици – спонтано ќе влезете во врска


Љубовен хороскоп за април 2021: Бикови – обид да го најдете вистинскиот, Девици – спонтано ќе влезете во врска

Скорпиите ќе имаат љубоморни испади, на Стрелците ќе им цветаат рози во љубовта, а неколку знаци ќе влезат во врска без обврски – што ве очекува во април на љубовно поле?

ljuboven-horoskop-za-april-2021-bikovi-obid-da-go-najdete-vistinskiot-devici-spontano-kje-vlezete-vo-vrska-01.jpg

За некои знаци љубовта ќе цвета, а повеќето ќе се разбудат од зимскиот сон и ќе се активираат со цел да ја зачинат врската и да излезат од монотонија.

Прочитајте што ве очекува месецов на поле љубов:

Овен

Ако сте во врска:

Потребна ви е доза интимност во врската, а страста ќе тропне на вашите врати кон почетокот на месецот. Промените ќе ги прифатите со задоволството бидејќи и на двајцата тоа ви е потребно. Ќе наидете на несогласување околу некои заеднички цели. Кон средината на месецот ќе бидете уште поодлучни дека треба да уживате во животните задоволства и ќе поминувате повеќе време во забавни активности. Ќе ви се зголеми довербата и ќе се поврзете.

Ако сте слободни:

Месецот ќе ви започне со неодолива привлечност кон некоја личност. Ќе се разбудат силни страсти и хемијата помеѓу вас само ќе се зголемува. Ве очекува меѓусебна забава и многу време поминато во пар. Нема да инсистирате на врска и ќе ви одговара слободата во односот. До крајот на месецот ќе се исполните со искуства и ќе бидете облеани со чувство на задоволство.

Бик

Ако сте во врска:

Во првиот дел од месецот ве очекуваат повеќе интимни моменти со саканата личност. Страстите ќе се зголемат на задоволство на вашиот партнер. Сепак, кон средината на месецот можно е партнерот да ви замери што вниманието премногу го насочувате кон пријателите и постојано се жалите за работата. Набрзо ќе ја сфатите грешката и ќе се посветите на повеќе отворени разговори и време поминато заедно.

Ако сте слободни:

Во април ќе искусите љубов на прв поглед со личност која веднаш силно ќе ве привлече со својот шарм на кој нема да одолеете. Уживате во интимните моменти, но тоа кратко ќе трае. Нема да наидете на лојален човек и ќе се разочарате. Сепак, тоа нема да ве затвори дома, напротив подготвени сте да го пронајдете вистинскиот од повеќе обиди.

Близнаци

Ако сте во врска:

Месецот ќе ви помине во знакот на излегување и дружење. Не сакате да се затворите дома и согласни сте дека ќе се посветите на излети и кратки патувања. Уживате во времето поминато сами, но често ќе се дружите со заеднички пријатели. Го давате најдоброто од себе за да ја зајакнете врската и ќе уживате во секој момент. Во втората половина на месецот ќе имате уште поконкретни предлози како да внесете свежина и динамика. Имате добро разбирање.

Ако сте слободни:

Месец април ќе ви донесе познанство со личност која има потенцијал да ви биде соодветна за емотивна врска. На почетокот контактот може да се одвива на социјалните мрежи, бидејќи постои можност личноста да не живее на исто место како вас. Делите многу заеднички интереси и конечно ќе чувствувате дека сте нашле некој што ве разбира.

Рак

Ако сте во врска:

Конечно ѕвездите ви предвидуваат мирен период, ќе се согласувате одлично со партнерот за заедничките цели и лесно ќе наоѓате решенија за сите препреки на кои ќе наидете. Ништо нема да ви претставува тешкотија, а среќни сте што се имате еден со друг. Ја стабилизирате врската, а ќе имате и повеќе време за интимни моменти. Дури кон крајот на месецот ќе мора да направите компромис кој нема да биде лесен.

Ако сте слободни:

Сфаќате дека ви е потребен човек со кој ќе може да имате отворена и искрена комуникација, ќе добиете поддршка и разбирање. Токму таква личност може да запознаете преку работата и деловните настани и контакти. Обрнете внимание на некој кој секогаш ви е од помош и има големо чувство на одговорност. Не ги игнорирајте знаците. Сепак, внимавајте да не ве обземат пресилни страсти. Носете правилни одлуки.

Лав

Ако сте во врска:

Во април ѕвездите ви се наклонети и ви го носат долгоочекуваниот мир и согласување во врската. Ќе ги поминувате викендите заедно, но не дома, ќе експериментирате и ќе внесувате новитети. Посветени сте еден на друг и тоа ќе ве усреќува. Расположени сте за секакви активности и се будите од зимскиот сон и монотонијата. До крајот на месецот партнерот ќе процвета покрај вас, со оглед на тоа што ќе му бидете неизмерна поддршка и ќе ги исполнувате сите желби.

Ако сте слободни:

Месецов ќе ве привлече личност уште на првата средба, но не заради изгледот, туку личните квалитети ќе ви остават посебен впечаток, каков што не сте добиле одамна. На почетокот ќе излегувате и ќе контактирате секој ден, ќе откриете многу заеднички интереси и одлично ќе се разбирате. Ќе бидете отворени за врска уште веднаш и набрзо ќе се зближите и со семејствата.

Девица

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе имате многу поволности да ја подобрите врската. Ќе бидете отворени за предлозите и желбите на партнерот и ќе покажете повеќе иницијатива за новитети. Го давате најдоброто од себе и зборовите ќе ги докажете со дела. Во втората половина ќе бидете уште попродуктивни во остварување на некои заеднички цели и планови. Ќе бидете успешни во она што го правите, периодот е погоден за долгорочни договори.

Ако сте слободни:

Ви претстои месец во кој ќе бидете целосно опуштени и посветени на она што вас ве прави среќни без никој друг да ви влијае. Ќе запознаете многу нови личности, но никој нема да ве воодушеви. Само една од нив може да ви го привлече вниманието и да почнете спонтано да се гледате, без воопшто да забележите дека има потенцијал да прерасне во нешто повеќе.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за април 2018: Скорпиите ќе планираат заеднички живот, Лавовите ќе имаат конкуренци... Што ќе ви донесе овој пролетен месец на поле љубов? Дали нови љубовни авантури и...
Љубовен хороскоп за март 2021: Овните ќе имаат сомнежи, Раковите - магнетска привлечност со личност ... Каква енергија и новости ќе ви донесе месец март на поле љубов? Дали ќе цветаат ...
Љубовен хороскоп за септември 2019: Овните - љубов со погрешна личност, Девиците - очајни по компром... Љубовни маки или реализирање на љубовните соништа, што ви носат ѕвездите овој се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg