Бикот мрази кога му сервираат лоша храна, Скорпиите не поднесуваат фалбаџии – што најмногу го нервира секој од знаците?

Секој од нас има најмалку 2 нешта коишто му го загорчуваат животот. За Јарецот тоа се луѓе кои позајмуваат работи, а потоа не ги враќаат. За Лавот – непријателот е оној што му го краде вниманието од другите луѓе.

Sto-najmnogu-go-zivcira-sekoj-od-znacite-01.jpg

Всушност, што најмногу го „живцира“ секој од знаците според астрологијата?

Овен

Овните ја имаат планетата Марс за свој владетел, што само по себе е синоним за нервоза, напнатост и енергија што треба добро да се потроши и канализира. Овните по природа се многу брзи и подвижни, па она што не им се допаѓа кај другите е нивната бавност и конфузија во однесувањето.

Овенот исто така не сака луѓе коишто доцнат, коишто зборуваат двосмислено и не се искажуваат докрај.

Бик

Неговиот владетел е Венера, планетата на задоволството и хедонизмот. Бикот не сака брзање, промени, ненадејни работи, па затоа и не сака луѓе кои се однесуваат на ваков начин, особено луѓе коишто се гласни, кои постојано трчаат и немаат време да се опуштат.

Венера владее со естетиката, па Бикот не сака луѓе кои се неуредни, кои не се грижат за нивниот изглед и го занемаруваат своето тело. Она што дополнително ги иритира е кога им служат лоша храна во ресторан или кога немаат доволно храна дома за да си подготват еден квалитетен оброк.

Близнаци

Кога станува збор за Близнаците, со нив владее Меркур и под ова влијание тие се многу зборлести и очекуваат дека сите околу него треба да се такви. Близнаците не може да разберат кога некој молчи и дека таа личност има потреба од мир за да се справи со себе и својот внатрешен живот.

Тие воедно се нервираат ако некој е бавен и нејасен во раскажувањето на некоја случка, ако комуникацијата е здодевна и без нови информации. Тие се познати по шега и забава во друштвото, па затоа не сакаат луѓе кои немаат смисла за хумор или премногу тврдоглави и сериозни луѓе, како што се Јарците и Скорпиите.

Рак

Кога станува збор за најемотивните во Зодијакот, Раковите имаат тенденција да гледаат и доживуваат сè врз основа на нивната емотивна процена. Затоа најмногу ги нервираат луѓето кои немаат чувство за другите.

Тие не сакаат да ги слушаат туѓите критики, и им паѓа чудно кога некој намерно ќе одлучи да нема семејство или кога некое лице е посветено само на работа и кариера. За нив домот е свето место и секој што постојано патува, сака да излегува и да се дружи им е многу чуден и на некој начин ги нервира. Не сакаат луѓе кои се фалат и зборуваат само за себе затоа што сметаат дека тоа е себичност и претерување.

Лав

Лавовите се „деца“ на Сонцето. Тие се многу импулсивни и драматични, па сè што е сведено на минимум и премногу мирно им предизвикува отпор и многу бурна реакција. Како по правило, Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа најлесно може да ги изнервира некој кој е поспособен од нив и кој веќе е во центарот на вниманието.

Лавот не сака да биде игнориран и запоставен, не сака да биде во затворени простории и не сака дожд, есен, лошо време, бидејќи за него сончевата светлина е всушност – живот.

Девица

Кај Девицата не постои нешто што не ја иритира, бидејќи со нив владее планетата Меркур која сама по себе носи прекумерна анализа на сè. Па така и најмалиот детаљ може да биде поттик за нервоза или негативно расположение.

Ги нервираат луѓе коишто се неуредни, премногу зборуваат за себе, се неорганизирани и реагираат премногу емотивно во јавноста.

Девицата не сака сè што има врска со некултурното однесување, па таквите лица и ваквите сцени постојано ги избегнуваат, а тие не сакаат да учествуваат во вакви настани.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg