Мажите родени во овие три знака се најдобрите љубовници во зодијакот – дали сте еден од нив?

Тие уживаат во гушкање, галење и покрај тоа важат и за одлични заводници. Астрологијата тврди дека мажите во овие три знаци им придаваат големо значење на страста, флертот и ги опсипуваат нивните партнери со внимание.

Najdobrite-tri-ljubovnici-vo-Zodijakot-01.jpg

За кои хороскопски знаци станува збор и дали сте еден од нив?

Вага

Мажите во знакот на Вага се одлучни во сите области, а кога станува збор за љубовта тие се исклучителни. Кога станува збор за спалната соба мажите Ваги се многу имагинативни и сакаат да го засенат својот партнер. Важно им е партнерот да ужива покрај нив и му даваат предност на туѓото отколку на сопственото задоволство.

Мажите во знакот на Вага се одликуваат со културно, џентлменско однесување кон партнерите што ги прави големи заводници и неодолив знак на зодијакот. Не е невообичаено овие мажи да имаат многу обожаватели и девојки/жени, кои воздивнуваат по нив. Дон Жуан е лик кој најдобро ја опишува Вагата на љубовно поле.

Лав

Како ги третираат Лавовите своите партнерки? Како кралици. Тие обожаваат кога партнерките уживаат покрај нив. Лавот е крал на животните и ова тврдење може да се искористи и во областа на астрологијата, па слободно може да се каже дека тие се страсни, доминантни, и на истиот тој начин се однесуваат и кон своите партнери во реалноста.

Тие сакаат да ги воодушевуваат дамите и со подароци и со експлозивна страст во спалната соба. Лавовите ќе дадат сè од себе да бидат најдобри во секоја област, а сексот, заведувањето и љубовта не се исклучок. Мажите во овој знак се сметаат за одлични љубовници, доминантни и многу страсни во креветот.

Бик

Мажите родени во знакот на Бик се многу нежни, па затоа ѝ припаѓаат на групата на чувствителни љубовници. Тие се прецизни, сакаат добро осмислени состаноци, многу нежности и физички допири како и внимание и долги разговори до доцна во ноќта.

Мажите Бикови не преферираат секс за една ноќ и за разлика од претходните два знака, Вагата и Лавот, тие се во потрага по долги и стабилни врски. Сакаат кога задоволството е обострано, а особено ја ценат лојалноста и искреноста. Во креветот се многу издржливи, а заведуваат со допири, вкусна храна и слатки зборови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...

Најчитани неделава