Љубовен хороскоп за мај 2021: Овни - тајна врска со зафатен партнер, Близнаци - ќе ве „повредат“

Што ќе ви приреди мај на поле љубов? Кој ќе ги реализира целите со партнерот, кој ќе се фокусира на заедничкиот дом, а кој се подготвува за нова авантура со партнерот? За кого мај ќе биде досаден на поле љубов, а кој ќе ја запознае сродната душа?

ljuboven-horoskop-za-maj-2021-bikovi-mnogu-avanturi-i-strasni-migovi-ribi-sredba-so-vashata-srodna-dusha-01.jpg

За скоро сите знаци, мај ќе донесе многу промени во љубовниот живот - некои позитивни, некои негативни. Некои знаци ќе бидат посреќни од кога било, а некои ќе треба сериозно да размислат за својата врска и односот кон партнерот.

Погледнете какви изненадувања ќе ви приреди мај на поле љубов:

Овен

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ве очекуваат многу интимни моменти со партнерот. Ќе се чувствувате одлично во заедничките мигови и ќе нема недоразбирања. Но, кон средината на месецот можни се несогласувања во врска со заедничките активности, како и финансиите. За среќа, до третата декада на мај стабилноста во врската ќе се врати, но обидете се да бидете поотворени за да ги избегнете потенцијалните проблеми.

Ако сте слободни

Можно е да се родат чувства кон личност која веќе е во врска, но ова нема да ве спречи да ѝ пријдете. Ќе настојувате да ја идеализирате оваа личност, а можно е да почнете и тајна врска. Ве очекуваат многу страсни моменти и голема е веројатноста од тајна, врската да се претвори во јавна. Сепак, бидете претпазливи бидејќи можни се и неколку разочарувања.

Бик

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ќе внесете нешто ново во врската, а ова значително ќе го подобри односот со партнерот. Одлично ќе се согласувате во врска со заедничките активности и планови и целиот месец ќе бидете доста активни. Ќе успеете да ја зголемите и страста во врската, а двајцата ќе се чувствувате поисполнето од кога било.

Ако сте слободни

Почетокот на мај ќе ви донесе многу дружби со пријателите, како и можност за авантура со личност на која многу ѝ се допаѓате. Кон средината на месецот ќе сретнете личност која веднаш ќе ве освои, па ве чека уште една авантура. Сепак, овојпат нештата ќе бидат посериозни, па авантурата може да се претвори во врска.

Близнаци

Ако сте во врска

Веројатно ќе немате можност да реализирате некое планирано патување, а ова може да создаде напнатост во врската. Кон средината на месецот ќе го подобрите односот бидејќи ќе успеете да реализирате заедничка цел. Но, партнерот ќе ви ги наметнува неговите ставови, па ова може да го залади вашиот однос. До крајот на месецот би требало да им ставите крај на сите недоразбирања.

Ако сте слободни

Ако сакате стабилна и сериозна врска, овој месец воздржувајте се од авантури. Ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне, но тешко дека возбудливата авантура ќе се претвори во нешто посериозно и постои ризик да бидете „повредени“ и со скршено срце. Во втората половина од месецот можно е уште едно интересно познанство, но и овојпат бидете воздржани.

Рак

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ве очекуваат несогласувања со партнерот во врска со заедничките цели и финансии. Сепак, на крај ќе успеете да направите компромис и нештата ќе станат подобри. Сето ова, пак, ќе ви помогне да ја подобрите комуникацијата во врската. Во втората половина тврдоглавоста на партнерот може да биде причина за проблеми. Ова ќе ве натера да промените нешто во врската.

Ако сте слободни

Сè повеќе сакате партнер за сериозна врска. Ќе трагате по личност која ќе направи да се чувствувате сигурно, личност која е зрела и со кој имате исти интереси. Месецов ќе запознаете неколку потенцијални партнери, но никој нема да ги исполни вашите услови. Не сте заинтересирани за авантура, па целиот месец ќе помине мирно и без големи случувања на поле љубов.

Лав

Ако сте во врска

Атмосферата ќе биде напната на почетокот од мај, најмногу поради заедничките цели – и вие и партнерот ќе имате свои ставови и никако нема да сакате да попуштите. Сепак, со искрен и отворен разговор ќе најдете заедничко решение, па кон средината на месецот ќе го стабилизирате односот. На крајот од месецот ќе бидете фрустрирани од затвореноста на партнерот, но овој период обидете се да му покажете разбирање.

Ако сте слободни

Уште на почетокот од мај ве очекува интересно познанство со личност која веднаш ќе ви се допадне. Сепак, откако добро ќе ја запознаете, ќе си го промените мислењето, па ќе престанете со обидите да ја освоите. Во втората половина од месецот ќе запознаете личност со постабилен карактер, но која е срамежлива. Бидете трпеливи и набрзо ќе се зближите.

Девица

Ако сте во врска

Нема да бидете коректни кон партнерот, особено ако минува низ тежок период, а ова ќе биде причина за многу несогласувања на почетокот од месецот. Кон средината на мај ќе покажете повеќе разбирање, па успешно ќе се справите со несогласувањата. И двајцата ќе си ја пружите потребната поддршка и нештата ќе бидат подобри од кога било.

Ако сте сингл

Првата половина од мај ќе ви донесе многу дружби, но не и познанство со личност која ќе ве привлекува. Оние кои ќе покажат интерес за вас ќе ви изгледаат досадно и плитко. Сепак, кон средината на месецот ќе запознаете интересна личност на чиј шарм нема да останете рамнодушни. Ќе имате многу исти интересни, па најверојатно ќе почнете и врска.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg