Рибите ги погодуваат критики, Јарецот се плаши да ја покаже нежната страна – Најголемите слабости и несигурности кај знаците

Вага

Почнувате полека да се задушувате кога ќе забележите некоја неправда, без разлика дали е поврзана со вас или пак се одвива на 3000 km од вас и не ве тангира ама баш никако. Во состојба сте да не јадете и да не спиете кога сте вознемирени околу некоја неправда. Вие сте вистински борец за правда.

Но, ова ви одзема многу енергија, ви создава стрес и ве прави напнати. Неретко од устата може да ви се излеат лоши зборови, за кои подоцна искрено жалите. Обидете се да не ги земате работите толку при срце и да сфатите дека нема да го поправите светот и покрај сите свои добри намери.

Скорпија

Знаењето ве прави сигурни во себе, ви ја зајакнува самодовербата и на тој начин сте подготвени да се справувате со нови луѓе. Добри сте сè додека знаете сè за сè и сите, пред да влезете во соба полна со нови луѓе. Подготвени сте да појдете на патување сè додека имате мапа со сите можни рути што водат до дестинацијата. Се чувствувате одлично додека се храните со информации. Веднаш штом ќе почувствувате дека имате недостаток на знаење, го губите мирот.

Се чувствувате несигурни кога некој знае повеќе или знае нешто пред вас. Вие мразите да правите грешки. Но, треба да знаете дека човечки е да се греши, а грешките може да се поправат. Во ред е понекогаш да изгубите, не може секогаш да сте во сè најдобри.

Стрелец

Чувствувате притисок секогаш да им бидете достапни на луѓето за некој услуга, особено доколку имаат некаков проблем. Кога не сте во можност да им помогнете, се чувствувате одвишок, непотребно. Тоа секако не е вистина. Луѓето ве сакаат поради насмевката, оптимизмот и доброто срце. Не мора секогаш да имате решение за сечиј проблем.

Во ред е повремено да не помогнете некому, да бидете несигурни во одговорите или да се чувствувате потиштено. И тоа е дел од животот.

Јарец

Вие сте некој што сака да ги држи сите работи во свои раце и под контрола. Се плашите ако некој ја види вашата добра, светла страна. Се плашите да го спуштите штитот затоа што мислите дека така ќе ја изгубите почитта кај луѓето.

Во одредени ситуации е во ред да се чувствувате така, но не и во секојдневниот живот со блиските луѓе коишто ви значат. Опуштете се, животот не е трка и не секој во него е вашата конкуренција.

Водолија

Вашите лични желби прават да се чувствувате несигурно. Ги задржувате за себе од страв дека ќе изгледате лоши или смешни во случај да си ги остварите. Исто така мислите дека ќе се посрамотите пред другите поради своите избори.

Сепак, не треба толку многу да ве погодува мислењето на другите. Тие и онака си имаат свои грижи и проблеми. Вие погрижете се да ги остварите своите желби, колку и да изгледаат лудо или нереално.

Риби

Кога некој ви упатува критика, вие почнувате да плачете длабоко во себе. Дури и да се работи за конструктивна критика, не знаете како да се носите со неа. Затоа и ги одбегнувате ситуациите каде што се проценува и коментира вашиот карактер. Не сакате кога луѓето ве анализираат. Тоа влијае погубно врз вас.

Клучот е да бидете малку посигурни во себеси и да не дозволувате толку да ве погодуваат туѓите мислења. Потсетете се дека и вие имате мислење за секој од нив и тоа е реалноста на животот.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg