Рибите ги погодуваат критики, Јарецот се плаши да ја покаже нежната страна – Најголемите слабости и несигурности кај знаците

Кај секој од нас постојат работи што веројатно ја поттикнуваат нашата несигурност. Тие прават да се чувствуваме непријатно, како да сакаме понекогаш да излеземе од сопствената кожа.

Slabosti-i-nesigurnosti-kaj-sekoj-od-znacite-01.jpg

Според астролошките особини ова се најголемите слабости, односно несигурности кај секој од знаците.

Дознајте кои се вашите според знакот од зодијакот којшто ви припаѓа:

Овен

Помирување со ситуациите во комбинација со здодевноста ве прогонуваат и ви создаваат ноќна мора. Затоа што вие длабоко во себе знаете дека сте авантуристички тип. Обожавате да патувате, а честопати одбирате непознати дестинации каде што може да правите работи што ве возбудуваат и ве тераат да го цените животот. Помислата дека бевте затворени дома и дека не можевте толку долго да отпатувате никаде прави да се чувствувате заробено и несигурно.

Авантурите се дел од вашиот идентитет, а нивната загуба значи и губење на вашата личност. Се плашите дека луѓето околу вас нема да ве сметаат за интересни. Обидете се да пронајдете забава во малите нешта што можете да си ги дозволите, засега.

Бик

Вие имате навика да ги ставате на прво место другите луѓе. Кога животот ве става „на тест“ и кога треба да се ставите себеси на прво место, вие полека почнувате да полудувате и да се чувствувате многу несигурно. Се прашувате дали светот ќе ве нарече себични откако ќе одлучите да ги игнорирате туѓите потреби и да се погрижите за своите.

Понекогаш сте толку широкогради што имате тенденција сами да си ги затворате вратите кон успехот. Обидете се да ги ставите своите потреби на прво место и да сфатите дека вие сте си поважни од луѓето околу вас.

Близнаци

Вие сте еден од оние знаци што наоколу проповедаат како животот не треба да се сфаќа премногу сериозно и честопати сте весели и насмеани. Кога животот ќе ве разочара и ќе ве „тресне“ од земјата, вие почнувате да се чувствувате несигурно. Загрижени сте, вознемирени, не сте вистинските „вие“.

Решението за надминување на оваа несигурност е да сфатите дека животот е тежок за секој од нас. Ништо не трае вечно, ниту доброто ниту пак лошото. Во ред е да бидете вознемирени, но она што ќе ви помогне да ја надминете вознемиреноста е вашиот позитивен став.

Рак

Вие сте тип на човек кој доброволно дели совети, им ги решава проблемите на другите и секогаш ги тера да ги согледаат работите од поведрата страна. Од друга страна, на некои луѓе може да им пречи вашата грижа и љубов и да ве сметаат за премногу наметливи. Помислата дека ги нервирате луѓето ве тера да се чувствувате непожелно и несигурно.

Интуицијата ќе ви каже кога почнувате да им досадувате на луѓето со својата претерано заштитничка природа. Сепак, не престанувајте да правите добри дела додека некој свесно не ви посочи дека е време да престанете. На светот му треба човек како што сте вие кој секогаш е подготвен да помогне.

Лав

Вие сте многу амбициозни. Вашата креативност, успех и мотивација се работите што ве дефинираат, а она што ве прави најнесигурни е неуспехот. Понекогаш сте толку фокусирани кон успехот и парадоксално, може да не ги забележите малите нешта што ќе ве оддалечат од него. Како резултат, почнувате да се сомневате во себе и сопствениот потенцијал.

Некаде во вашата глава го поврзувате успехот со љубовта што ја добивате. За да ги надминете несигурностите, сфатете дека работите напорно само заради работата и кариерата, а не заради љубовта и вниманието.

Девица

Редот и структурата на нештата ви помагаат да се смирите и се работите што ве прават свои. Секогаш кога нешто ќе „скокне од шините“, а вие не сте во позиција да ги средите и организирате работите, почнувате да се чувствувате збунето. Кога некој ќе ве праша што има ново кај вас, тешко вие е да започнете разговор од страв дека немате што премногу да кажете.

Еден начин да го надминете овој страв е да сфатите дека луѓето ве сакаат поради она што сте, а не поради работите што ги зборувате или начинот на кој го организирате своето биро. Малку хаос никогаш не е излишен, научете да живеете со малку неред во домот и умот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg