Кога конечно ќе ја пронајдат вистинската личност: Скорпијата го руши ѕидот околу срцето, Близнаците ја вадат маската

Вага

Кога ќе сретнете некој што не „паѓа“ веднаш на вашата харизма вам ви станува неодолива личност. Навикнати сте да правите што сакате и кога сакате, благодарение на вашиот магнетски шарм.

Кога ќе запознаете некој што ве сака поради она што навистина сте, но истовремено прави да сфатите дека во врската треба да има компромис наместо постојано да го правите и добивате она што само вие го сакате, станувате свесни дека нема никогаш да ја пуштите оваа личност од себеси.

Скорпија

Вие знаете дека сте ја пронашле вистинската личност кога ќе почувствувате дека можете да ги срушите ѕидовите што сте ги изградиле околу вас. Иако сте неверојатно емотивни и магнетни, имате тенденција да бидете таинствени и им дозволувате на луѓето да го гледаат само она што вие сакате да го видат.

Кога ќе се појави личност која не ја предизвикува вашата сила и наместо тоа ќе се осмели да ве предизвика да ѝ ги покажете сите ваши лица, вие ќе се вљубите длабоко и посреќно од кога било досега.

Стрелец

Кога пред неа конечно можете да бидете комплицирани и по малку откачени какви што сте, тогаш значи дека сте ја пронашле вистинската личност за вас. Имате тенденција да се фокусирате на позитивен и среќен став, и тоа е прекрасно, тоа не значи дека сте нечесни или лажни на кој било начин.

Но, кога ќе станете познати по тоа што сте среќна и секогаш позитивна личност, се јавува притисок дека секогаш да мора да бидете такви пред сите. Кога ќе се појави вистинската личност, ќе почувствувате слобода конечно да бидете ранливи, понекогаш лути и сложени.

Јарец

За вас, кога повеќе не чувствувате потреба дека треба да се објаснувате себеси и своето однесување, бидејќи таа личност едноставно ве разбира, тоа значи дека сте на добар пат кон сродната душа.

Наместо да се занимавате со смешни игри кои ги мразите кога станува збор љубовта, вие конечно сте со некој што е на вашата бранова должина, некој што е директен, кој црпи оптимизам од вас и кој го разбира и цени суптилниот и духовит дел од вас кој повеќето луѓе најчесто ги пропуштаат.

Водолија

Знаете дека сте ја пронашле вистинската личност кога ќе исчезне вашата потреба да бидете оддалечени од светот. Обично држите и растојание кога станува збор за запознавање и нови врски, затоа што така се чувствувате најпријатно и ја одржувате контролата во животот.

Но, оваа личност ќе направи да се однесувате како никогаш порано, ќе бидете поотворени и ранливи, бидејќи разговорите што ќе ги водите со таа личност и енергијата што ќе ја споделувате со неа, ќе направат да се чувствувате пријатно и удобно како никогаш досега.

Риби

За вас, вистинската, сродна душа е некој што ве охрабрува да бидете поактивни, посреќни и поживи од кога било досега во вашиот живот. Отсекогаш сте имале одлична фантазија и многу идеи за тоа во кој правец сакате да ви се движи животот, но до овој момент не се чувствувавте безбедно и доволно поддржано за да се осмелите да ги претворите тие соништа во реалност.

Со оваа личност чувствувате како конечно да пронајдовте некој што ве охрабрува и ви дозволува да ги следите вашите соништа. Конечно се чувствувате како да сте пронашле некој што мисли дека имате многу потенцијален, дека сте силни и способни.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg