Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој тоне во болка, а кој почнува нова врска - Како хороскопските знаци ги поднесуваат раскинувањата?

Вага

На Вагите им треба помош и поддршка бидејќи тие се тип на знам што повеќе го сакаат партнерот од себеси. На овој знак раскинувањето му паѓа најтешко.

Вагите треба да им се посветат на патувањата, убавите места, драгите луѓе и интересната литература доколку сакаат да го пребродат полесно раскинувањето. Најдобро е да отидат во музеј, на театар или во книжарница, а и искрен разговор со пријател и една шолја добро кафе ќе им дојде добро.

Скорпија

Доколку раскинувањето било болно и непријатно, Скорпијата треба да ѝ одолее на одмаздата. Доколку успеат да се исконтролираат и решат да не се одмаздуваат, тие ќе се насочат кон длабока интроспекција, литература, потсвеста со цел подобро да ја разберат човековата природа, себеси и раскинувањето.

Некои сосема ќе го променат животот од корен, во поглед на исхраната, животните навики и изгледот. Но Скорпиите на овој начин ја црпат новата животна сила. Многу брзо закрепнуваат по раскинувањето и лесно ги победуваат црните мисли. По ова, стануваат уште посилни.

Стрелец

За овој знак веќе се знае – ги пакува куферите и патува што подалеку од местата што ги посетил со претходниот партнер. За нив е лесно да се замине, а не се оптоваруваат со датумот за враќање. Сепак, длабоко во душата ќе се молат полесно да го заборават партнерот.

Доколку не се во можност физички да отпатуваат некаде, тие ќе се посветат на проучување нова филозофија, религија или слични теми. Ова ќе го прават додека не се почувствуваат доволно силно да излезат од дома и повторно да се измешаат со луѓето.

Јарец

Кај Јарецот секогаш „пали“ истата формула – работа, работа и само работа. Сета сила и енергија ќе ја насочат на работното место, а доколку немаат работа ќе си измислат нешто, сè само да не мислат на пропаднатата љубов.

Во ова се многу успешни, а неретко постигнуваат одлични резултати во поглед на кариерата после болните раскинувања. Кога ќе успеат, ќе погледнат длабоко во својата душа и ќе одлучат дали се спремни за нова љубов или е потребно да работат уште малку повеќе.

Водолија

Водолиите ќе ја поделат тајната за нивното раскинување со пријателите. Некои ќе одат на луди забави, некои ќе сакаат само да разговараат. Има и Водолии кои упорно ќе молчат, но сепак ќе бидат опкружени со своето големо друштво. Ним им е важно да се чувствуваат како дел од групата.

Битно им е само нивното друштво да не е поврзано на каков било начин со поранешната љубов. Доколку е потребно ќе се зачленат и во некое друго, неформално друштво или некое од хуманитарен карактер, само да се што подалеку од „бившиот“.

Риби

Рибите ќе цимолат и плачат онака како што знаат само тие. За нив, најголемиот страв е дека никогаш повеќе нема да пронајдат љубов. Потребен им е заштитник, а ќе го пронајдат во некој стар пријател или нов познаник.

Искрен разговор или поддршка ќе им значи многу повеќе од озборувања или некоја луда забава. Сакаат прегратки и долги разговори, детални анализи околу тоа што тргнало погрешно во љубовта. Само на овој начин побрзо ќе ја преболат старата љубов.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Една работа што секој хороскопски знак мора да ја слушне пред да заврши 2024-та Водолии - Вратете се во живот, светот ве повикува и им недостасувате на сите. Не...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg