Кој тоне во болка, а кој почнува нова врска - Како хороскопските знаци ги поднесуваат раскинувањата?

Крајот на една љубов, ставањето точка на една љубовна приказна, никогаш не е лесно нешто. Некои од знаците полесно ги пребродуваат раскинувањата, се фрлаат на работните обврски и полека забораваат на минатото.

Kako-znacite-gi-podnesuvaat-raskinuvanjata-01.jpg

На други пак им се потребни неколку месеци за да застанат повторно на нозете. Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак? Како го поднесувате раскинувањето со партнерот според астрологијата?

Овен

Овните по природа се самостојни индивидуалци, па многу полесно ќе се адаптираат на новиот живот на самец отколку некој друг. За нив поголем проблем претставува да се живее во пар, отколку сами.

Овенот едноставно ќе им се врати на старите навики и брзо ќе се приспособи. Длабоко во душата ќе си ги зацелува раните со помош на различни активности (најчесто спортски или авантуристички). Ќе ја излекува сам сета болка во себеси додека не застане на своите нозе. А тогаш ќе почне да го живее животот безгрижно со полни гради.

Бик

Биковите ќе страдаат тивко. Најмногу ќе бидат загрижени за поделбата на имотот или материјалните ствари, доколку им се заеднички. Во љубовта сепак, ова е најмалку важно. Бикот меланхолично ќе се потсетува на старите спомени, а најголемата утеха ќе им бидат слатките работи.

За нив животот на самец претставува враќање на своите хедонистички корени, останување со доцна навечер со омилената храна, сами во креветот. Можно е да си дозволат и масажа, за да се разгалат и за момент да заборават на болното раскинување.

Близнаци

Близнаците се оној знак што ќе прераскаже сè што го нервира и боли на првата личност што ќе ја сретнат на улица. Би можеле да зборуваат со денови, но со секој изговорен збор нивната болка полека се намалува, и им се олеснува на душата.

Затоа најчесто ова е знакот што ќе побара помош од пријател, а доколку не може да најдат никого, би ја раскажале својата приказна дури и на странец. После ова се чувствуваат лесно и „чисто“, и спремни се за нов почеток.

Рак

На Раковите раскинувањата им паѓаат особено тешко бидејќи тие се семејни луѓе поврзани за домот. Треба да им се скрие целиот алкохол, бидејќи имаат тенденција да пијат со денови додека не си ја удават тагата во шишето. Ќе им значи искрената поддршка од пријателите, но не сакаат премногу анализи и прашања поврзани со раскинувањето.

Најдобро би било да отпатуваат некаде покрај вода или целосно да ѝ се посветат на работата додека не „капнат“ од умор. Чистењето на домот или варосувањето на ѕидовите исто е одлична активност која ќе им биде од помош по раскинувањето.

Лав

Лавовите ќе се задушуваат самите себеси, бидејќи им е многу тешко да го признаат поразот пред другите, па и на себе. Ќе собираат чемер и јад во душата, додека надвор пред другите ќе глумат дека не им е гајле. Најдобро е да се занимаваат со некој спорт или некои работни активности во домот. Не треба да ги прашувате ништо, бидејќи нивната гордост нема да им дозволи да зборуваат за поразите.

Колку повеќе се активни, толку повеќе ќе се топи нивната тага. Некои пак решаваат да се „фрлат“ на забави, но тие мора да се случуваат далеку од заедничките места каде што излегувале со поранешниот партнер.

Девица

За Девиците најдобро би било да се посветат на некоја хуманитарна работа по раскинувањето и ќе направат некоја општа корист. Ќе им помогнат на другите, а со тоа ќе си помогнат и себеси.

Најтешко им паѓа фактот што мора да се воздржат од деталната анализа на минатото, бидејќи знаат дека на крајот од денот тоа е бесполезно и нема никако да им помогне. Затоа е најдобро да волонтираат и да ги понудат своите услуги на другите. Така ќе се чувствуваат корисно и полека, малку по малку, ќе почнат да ги лекуваат своите рани.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава