Сезона на Ракови – 4 причини зошто ги сакаме и 3 нивни мани

Ракот е четвртиот знак во Зодијакот и првенствено се познати по тоа што сте емотивни и интуитивни, но понекогаш и несигурни.

sezona-na-rakovi-4-pricini-zosto-gi-sakame-i-3-nivni-mani-001.jpg

Раковите си го носат срцето во рака постојано и емоциите секогаш им се читаат во очите. Колку што тоа е причина за да ги сакаме, толку имаат и мани поради кои не сакаме да се во наша близина.

Во сезоната на Ракови, откриваме 4 предности и 3 нивни мани:

Најголемите предности:

1. Верни се и предани

Иако треба многу време да стекнат доверба, откако ќе почнат да ви веруваат, може да сметате на нив цел живот. Раковите помагаат, расудуваат и веруваат во туѓата добрина. Нивната силна способност за сочувство ги прави вистинско богатство.

2. Заштитнички настроени

Освен што се лојални, Раковите се подготвени светот да го превртат наопаку за да ги заштитат своите сакани. Со оглед на тоа што се приврзани за домашните, имаат развиен родителски инстинкт.

3. Интуитивни се

Интуицијата е уште една клучна карактеристика на Ракот и на неа се потпираат во секое време. Никогаш не грешат кога ги „читаат“ луѓето, па слушајте ги нивните совети и проценки.

4. Грижливи се

Раковите се познати по својот љубезен и грижлив карактер, па ова се два квалитети кои се реткост во денешно време.

sezona-na-rakovi-4-pricini-zosto-gi-sakame-i-3-nivni-mani-2.jpg

Најголеми мани:

1. Претерана чувствителност

Меч со две острици. Раковите имаат тенденција да прават драма дури и од најобичните работи. Може да се повредени од најобична шега и сериозно треба да ги бирате зборовите во нивно присуство.

2. Нерасположеност

Раковите се познати по тоа што често се нерасположени и тажни, токму поради неможноста да си ги контролираат силните емоции. Се кријат во својот оклоп и се затвораат во себе.

3. Знаат да враќаат

Ако некогаш се разочараат, Раковите имаат навика да враќаат за нанесената болка. Бидете посебно внимателни со лутите Ракови.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат најголема промена во 2026 (и ќе мора да се потрудат повеќе од др... Без разлика дали станува збор за напуштање на работата што ги задушува или излег...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава