Љубовен хороскоп за јули 2021: Овни – многу несогласувања во врската, Близнаци – заедничко патување со новиот партнер

Што ќе ви донесе овој јули на поле љубов? Кој ќе се соочи со многу проблеми и недоразбирања во врската, а кој ќе го зајакне односот со партнерот и ќе почне со реализација на заедничките цели?

ljuboven-horoskop-za-juli-2021-ovni-mnogu-nesoglasuvanja-vo-vrskata-bliznaci-zaednichko-patuvanje-so-noviot-partner-01.jpg

Дали месецов ќе ја најдете вашата сродна душа или ниту една личност нема да ги исполнува вашите (нереални) очекувања?

Овен

Ако сте во врска

Со партнерот ќе имате различно мислење за вашиот социјален живот, како и вашите потреби и желби, а можно е да се појават и недоразбирања околу финансиите. За да го надминете тешкиот период, морате да бидете отворени за компромис. Кон крајот на месецот ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот и полесно ќе наоѓате заеднички решенија за сериозните проблеми.

Ако сте слободни

Месецов ќе имате проблеми со темпераментот, па лесно ќе почнувате конфликти – дури и со личноста што ви се допаѓа. Кон средината на месецот можно е да почнете врска со оваа личност, но поради нејзиното чудно однесување, до крајот на месецот ќе почнете да се сомневате во вашата врска.

Бик

Ако сте во врска

Ве очекуваат сериозни несогласувања во врска со заедничките цели. Во првата половина од месецот ќе се соочите и со многу расправии поради домашните обврски. Сето ова ќе го залади односот со партнерот, но во втората половина од јули ќе имате можност да внесете нешто ново во врската. Токму ова ќе ви помогне да ја смирите ситуацијата.

Ако сте слободни

Во првата половина од месецот нема да бидете воопшто задоволни од вашата љубовна ситуација. Ќе се однесувате и по малку ексцентрично, а поради ова ќе ви биде тешко да најдете нова љубов. Кон средината на јули ќе запознаете интересна личност со која веројатно ќе почнете врска. Оваа врска ќе ви ја смени перспективата на подобро.

Близнаци

Ако сте во врска

Во првата половина од јули ќе остварите некоја заедничка цел со партнерот, а ова значително ќе го подобри вашиот однос и вистински ќе ве зближи. Кон крајот на месецот можни се несогласувања, најмногу поради домашните обврски, а со ова ќе го заладите односот. За среќа, брзо ќе најдете решение, но само ако бидете потполно искрени пред партнерот.

Ако сте слободни

Во првата половина од јули ве очекува познанство со личност која има исти гледишта како и вас, па и двајцата ќе уживате во заедничките разговори. Ќе почнете врска која ќе биде мошне динамична, а до крајот на месецот голема е веројатноста да отидете и на заедничко патување. Сепак, ќе мора да научите да правите компромис ако сакате оваа врска да трае.

Рак

Ако сте во врска

Проблемите што сте ги запоставиле минатиот месец ќе бидат причина за сериозни конфликти во јули. Нема да се согласувате за скоро ништо со партнерот, а ќе почнете да размислувате и за раскинување. Во втората половина на јули можете да ги решите проблемите, но само ако обрнете внимание на потребите на партнерот и се согласите на компромис.

Ако сте слободни

Ќе се обидувате да запознаете некого, но во поголемиот дел од месецот ќе бидете разочарани. Нема да ви се допаѓа ниту една личност, најмногу поради вашите високи очекувања. Кон крајот на месецот веројатно ќе почнете возбудлива врска, но набрзо ќе сфатите дека таа личност не е за вас. Па, оваа врска сигурно нема да трае долго.

Лав

Ако сте во врска

Првата половина од јули ќе ви донесе заладување на односот со партнерот. Разликите меѓу вас ќе станат поизразени, па нема да се согласувате за скоро ништо. Кон крајот на месецот и двајцата ќе бидете поразумни и ќе се потрудите да поработите на разликите. Со искрен разговор ќе успеете да се адаптирате на вашите потреби и желби и да ги ставите недоразбирањата зад вас.

Ако сте слободни

Имате превисоки очекувања од љубовта, а и по секоја цена ќе се обидувате да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Но, ова може да ви предизвика непријатна ситуација, најмногу бидејќи оваа личност веројатно не е заинтересирана за вас. Во втората половина од месецот можна е кратка авантура исполнета со страст, но нема да бидете сигурни дали сакате нешто посериозно.

Девица

Ако сте во врска

Првата половина од месецот ќе ви донесе многу недоразбирања и сомнежи. Ќе ви се чини дека партнерот крие нешто од вас, но наместо да донесувате заклучоци, разговарајте за ова. Ќе сфатите дека нема простор за сомневање, а со ова значително ќе го подобрите односот. Кон крајот на месецот можни се нови проблеми – партнерот ќе биде премногу зафатен, а вам ќе ви пречи тоа што нема да ви посветува многу внимание.

Ако сте слободни

Во првата половина од јули ќе бидете со променливо расположение, па флертувањето нема да ви биде најважното нешто. Кон средината на јули ќе запознаете личност која многу ќе ви се допадне, но ќе биде зафатена. Привлечноста ќе биде обострана, па голема е веројатноста да почнете тајна врска. Но, брзо ќе сфатите дека врската нема потенцијал, па ќе почнете да размислувате за раскинување.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg