Љубовен хороскоп за јули 2021: Овни – многу несогласувања во врската, Близнаци – заедничко патување со новиот партнер

Вага

Ако сте во врска

Јули ќе ви почне со многу тензија во врската – ќе ви се чини дека партнерот ве занемарува и целосно ги игнорира вашите потреби. Можни се големи караници поради ова, а ако сакате да најдете решение, морате и двајцата да се подготвите за компромис. Кон крајот на месецот конечно ќе покажете разбирање и ќе најдете решение за скоро сите поголеми проблеми.

Ако сте слободни

Ќе сакате да се забавувате, но ќе ви биде тешко да најдете личност каква што сакате. Најчесто ќе среќавате луѓе кои ќе ви бидат одбивни поради нивните ставови и нивниот пристап кон вас. Многу луѓе ќе флертуваат со вас, но вие нема да бидете воопшто заинтересирани за нив, па ќе ги одбивате.

Скорпија

Ако сте во врска

Подгответе се за многу несогласувања и конфликти во првата половина од јули. Причината ќе бидат натрупаните распореди и многуте обврски, поради кои ќе немате воопшто време само за вас двајцата. Но, кон средината на месецот ќе почнете да разговарате за заедничките цели, ќе имате повеќе време и колку-толку ќе се справите со проблемите. Само, вам ќе ви биде потребна забава, додека партнерот ќе сака мир и тишина.

Ако сте слободни

Преку заеднички пријатели, ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне, а чувствата ќе бидат обострани. Ќе почнете да се гледате, но набрзо ќе ги воочите големите разлики во вашите ставови и мислења. До крајот на месецот ќе донесете конечна одлука дали вреди да ја продолжите таа врска.

Стрелец

Ако сте во врска

Во првата половина ќе се соочите со многу недоразбирања, најмногу поради обврските во домот. Ќе ви биде тешко да направите компромис и постојано ќе се расправате. Но, кон средината на месецот нештата ќе се подобрат, а ако одите на заедничко патување, дополнително ќе го зајакнете вашиот однос. До крајот на месецот подобро ќе ги разбирате потребите на партнерот и нештата ќе бидат генерално добри.

Ако сте слободни

Во првата половина од јули ќе бидете многу неодлучни – неколку личности ќе покажат интерес за вас, а вам ќе ви биде тешко да одберете која е вистинската за вас. До средината на месецот конечно ќе донесете одлука и набрзо ќе сфатите дека сте го направиле вистинскиот избор. Иако на почетокот од врската можеби ќе имате мали несогласувања, лесно ќе наоѓате решение.

Јарец

Ако сте во врска

Во првата половина од јули ќе имате можност да внесете нешто ново во врската и значително да го подобрите односот меѓу вас. Кон крајот на месецот ќе водите многу искрени разговори и ќе ги разбирате вашите потреби, но ќе ви биде тешко да се согласите за некои нешта. Сепак, и двајцата ќе бидете подготвени на компромис, па ќе ги избегнете проблемите.

Ако сте слободни

Во првата половина од месецот ќе запознаете мошне интересна личност, полна со идеи и желба за авантура. Ќе почнете врска и ќе уживате во заедничките мигови. Ќе сфатите дека имате исти ставови и мислења за многу нешта, но и ќе ги прифатите разликите меѓу вас. Ова, пак, ќе ви помогне полесно да се адаптирате еден на друг.

Водолија

Ако сте во врска

Јули ќе ви донесе сериозни несогласувања со саканата личност. Ќе имате различни потреби и желби, а и ќе бидете премногу зафатени така што ќе немате многу време за вас. Ова ќе го залади вашиот однос, но и ќе биде причина за појава на сомнежи. За среќа, кон крајот на месецот ќе ги надминете повеќето проблеми, ќе најдете повеќе време за вас и нештата ќе станат многу подобри.

Ако сте слободни

Првата половина од јули ќе биде хаотична и лесно ќе влегувате во конфликти дури и со луѓето кои ќе се обидувате да ги освоите. Кон средината на јули ќе запознаете личност која многу ќе ви се допадне и ќе го промени вашето однесување. Ќе почнете да се гледате, но нема да ви се брза за сериозна врска – прво ќе сакате подобро да се запознаете.

Риби 

Ако сте во врска

Првата половина од месецот ќе ви донесе недоразбирања, но ако ги избегнувате жестоките расправии лесно ќе го надминете тешкиот период. Кон средината на месецот нештата ќе станат подобри, но во последната недела од јули можно е да слушнете непријатни новости за партнерот. Ова ќе предизвика нови проблеми и несогласувања.

Ако сте слободни

Првата половина од јули ќе ви донесе познанство со личност која веднаш ќе ви се допадне, најмногу поради смислата за хумор. Ќе почнете да се гледате, а можно е дури и да се вљубите. Ќе настојувате да го идеализирате овој нов партнер, но кон крајот на месецот ќе сфатите дека погрешно сте го процениле. Најверојатно ќе ѝ ставите крај на оваа врска бидејќи ќе изгубите интерес.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg