Љубовен хороскоп за август 2021: Ракови – ќе ви се врати некоја личност од минатото, Девици - можно е раскинување на врската

Вага

Ако сте во врска

Првата половина на август ви носи несогласувања со партнерот за некои заеднички забави, друштвото, излегувањата и дружењата со пријателите. Ќе имате спротивставени потреби за споменатите работи и ќе ви биде неопходно да најдете заеднички прифатливо решение, за да не бидете постојано во напнати односи. Избегнувајте неискреност и немојте да ги криете важните работи од саканата личност. Во втората половина од месецот ќе имате можност да отпатувате некаде на некоја подалечна дестинација со саканата личност каде ќе уживате во интимните мигови и ќе имате доволно време да поработите на врската.

Ако сте слободни

Во првиот дел од месецот ќе бидете расположени за излегувања, дружење и патувања. Во главно ќе сакате да одите на забави каде што ќе имате можност и за некоја минлива авантура. Во втората половина на месецот ќе отпатувате некаде и таму ќе запознаете нова личност што ќе ве привлече со својата динамика, начинот на комуникација и со која што ќе имате голем број заеднички интереси. Постои можност за врска на далечина, што потоа ќе прерасне во сериозна врска.

Скорпија

Ако сте во врска

На почетокот на месецот можни се несогласувања со партнерот поврзани со заедничките цели. Иако претходно сте се договориле кои ви се приоритетите и каде планирате да ги вложите заедничките напори и средства, вашиот партнер ќе се премисли и ќе сака нешто друго. Тоа може да предизвика напнатост, препирања и заладување на односот. Во третата декада на месецот постои можност за решавање на несогласувањата. Ќе се сложите за промените на заедничките планови и цели. Можете да отидете на заеднички одмор и патување, а ќе имате повеќе забава во врската.

Ако сте слободни

Ќе ве заинтересира една личност и ќе се обидете да имате средба за подобро да се запознаете. Иако ќе успеете да организирате средба во последниот миг ќе се премислите затоа што можно е да дознаете информации за таа личност што нема да ви се допаднат. Во втората половина на месецот ќе дојде до неочекувана средба со личност што ќе ја запознаете преку пријатели и со која што ќе дојде до заедничка привлечност и до возбудливи авантури.

Стрелец

Ако сте во врска

На почетокот на месецот ќе имате поголеми несогласувања со партнерот што може да доведе и до целосен прекин на комуникацијата, како и до заладување во врската. Можно е и двајцата да бидете мошне напнати и склони кон избрзани реакции и непромислени зборови. Сепак, во втората половина на месецот постои можност за остварување на некои заеднички цели што ќе ви помогне да ги надминете несогласувањата.

Ако сте слободни

Претставниците на овој хороскопски знак се познати по тоа што се слободни, авантуристи што избегнуваат по секоја цена да „се скрасат“, а кога ќе запознаат некоја посебна личност сакаат секој миг од авантурите да го поделат со таа личност. Некои од претставниците на овој знак ќе имаат можност да запознаат нова личност со која што ќе имаат поголема разлика во годините, но ќе уживаат во секој миг поминат со неа.

Јарец

Ако сте во врска

Првата половина на август ви носи променливо расположение, неочекувани и ненадејни промени во плановите и договорите со партнерот. Ќе наидете на поголем број недоразбирања околу вложувањето на заедничките финансии. Ќе сакате да избегнувате забави и журки затоа што ќе ви изгледаат премногу хаотично. Во втората половина на месецот конечно ќе постигнете договор околу заедничките планови. Вашата врска конечно ќе стане постабилна и ќе бидете посветени еден на друг. Ќе ја подобрите меѓусебната комуникација и можни се повеќе заеднички излети во природа.

Ако сте слободни

Во првата половина на август нема да имате некакви посериозни случувања на љубовен план. Ќе наидувате на личности што многу сакаат да се фалат, а што нема да имаат некои особени внатрешни квалитети. Втората половина на август ви носи средба со динамична, практична и комуникативна личност што ќе ја запознаете на некое патување или којашто ќе дојде од странство. Ќе откриете дека имате голем број заеднички работи и дека вашата нова симпатија ве инспирира и ве поттикнува на акција. Иако вие ќе очекувате само авантура, големи се можностите за сериозна врска.

Водолија

Ако сте во врска

Очекувајте поголем број оддалечувања, како со партнерот, така и со останатите членови на семејството. Во втората половина на месецот партнерот ќе се обиде да стане доминантен во врската и нема да сака да го прифати вашиот предлог со разговор да ги решите несогласувањата. Можно е да бидете обвинети од страна на саканата личност дека во минатото сте го искористувале и сте оствариле поголема корист за себе.

Ако сте слободни

Во првата половина на месецот поголем број личности ќе се обидат да ви се наметнат и ќе ве прогонуваат за да влезете во врска со нив. Една личност ќе се истакне особено и во секоја прилика ќе се однесува доминантно и ќе се фали, а друга пак со фини зборови ќе се обиде да ви докаже зошто таа е најдобар избор за вас. На груб начин ќе ги бркате сите. Во третата декада на месецот ќе запознаете некој што навистина ќе ви се допадне.

Риби

Ако сте во врска

На почетокот на месецот постои можност да дознаете нешто што партнерот подолго време го криел од вас, поради што ќе дојде до заладување на односите. Некаде во втората декада од месецот ќе има можност да постигнете договор со партнерот и да спречите раскинување на врската. Ќе се обидете некои работи во врската да ги ставите на подобра основа и да внесете квалитетни промени и нешто ново што ќе придонесе да се ублажи недовербата помеѓу вас двајца.

Ако сте слободни

Во првата половина на месецот ќе имате можност да влезете во врска со личност што многу ќе ви се допаѓа, но што не е слободна. Веќе на самиот почеток ќе сфатите дека сте направиле погрешен избор и дека освен на интимен план, не се сложувате на ниту едно друго поле. По раскинувањето на оваа афера ќе имате можност за нова врска во третата декада од месецот и тоа со личност што подолго време живее во вашето соседство и во која што ќе се вљубите.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg