Љубовен хороскоп за август 2021: Ракови – ќе ви се врати некоја личност од минатото, Девици - можно е раскинување на врската

Слободните Јарци ќе запознаат некоја нова личност на одмор. Слободните Риби ќе влезат во врска со некоја личност што не е слободна, а потоа ќе се вљубат во соседот – Што нè очекува на љубовен план овој август?

ljuboven-horoskop-za-avgust-2021-rakovi-kje-vi-se-vrati-nekoja-lichnost-od-minatoto-vagi-ne-kriete-tajni-od-partnerot-01.jpgФото: Pixabay

Овен

Ако сте во врска

Во првата декада на август имате можност за остварување на новите планови и ќе имате поинаков пристап кон партнерот, што ќе ви помогне за унапредување на вашата емотивна врска. Од друга страна пак, добро ќе биде да ги избегнувате сите тајни и да не криете работи од саканата личност затоа што тоа може да доведе до заладување на односите. Во втората половина на месецот ќе имате можност да почувствувате дека партнерот се труди да ви го даде најдоброто од себеси. Затоа, обидете се да покажете благодарност. Во третата декада на месецот ќе бидете во дослух со потребите на саканата личност. Ќе бидете силна поддршка за сите потреби на партнерот и на тој начин ќе остварите стабилност во односот и ќе уживате во излегувањата и дружењата.

Ако сте слободни

Почетокот на август ви носи средба со личност што е поинаква од поголемиот број луѓе што ги познавате, како во однос на стилот, така и по ставовите. Ќе ве привлече со нејзината оригиналност и отвореноста за новите искуства. На почетокот ќе ви изгледа дека со вашата нова симпатија можете да имате само минлива авантура и ќе се сложите на таква врска. Веќе во втората половина на август ќе почувствувате дека кај вас се будат емоции.

Бик

Ако сте во врска

Првата половина на август ви носи помали и минливи проблеми со саканата личност. И двајцата ќе бидете под стрес поради обврските на работа и ќе имате многу малку време еден за друг. Обидете се да се прилагодите на околностите и сите проблеми во врската да ги решите со разговор. Внимателно ќе испланирате како да го исполните она што одамна сте му го ветиле на партнерот.

Ако сте слободни

На почетокот на август ќе чувствувате потреба да бидете сами и да се одморите. Ќе чувствувате дека со поголемиот број личности што ве опкружуваат не сте на „истата бранова должина“, но нема да имате конфликтни ситуации. Во втората половина на август ќе запознаете личност што е комуникативна. Ќе уживате во заедничките разговори и активности. На почетокот ќе сакате само пријателство, но набрзо ќе сфатите дека меѓу вас може да има нешто повеќе и спонтано ќе започнете нова врска.

Близнаци

Ако сте во врска

Во првата половина од август очекувајте поголеми недоразбирања и несогласувања со саканата личност за поголем број прашања поврзани со вашиот заеднички живот. Ќе имате различни ставови за тоа каде треба да одите на одмор. Комуникацијата ќе ви биде отежната, но потрудете се да најдете заедничко решение. Во втората половина на август повторно се можни несогласувања, но овојпат околу финансиите, односно околу тоа колку пари треба да одвоите за патување.

Ако сте слободни

Личностите што ќе ви се допаднат периодов или ќе бидат зафатени или нема да покажат интерес за вас и покрај вашите обиди да им го привлечете вниманието. Од друга страна оние што ќе се обидат да ви го привлечат вниманието нема да ви се допаднат. Излегувањата и дружењата ќе ви станат напорни, а односите со пријателите ќе ви се чинат монотони. Дури при крајот на месецот постои можност да запознаете некоја личност со која што ќе имате нешто заедничко и ќе биде обострано.

Рак

Ако сте во врска

На почетокот на август ќе дојде до заладување помеѓу односите со саканата личност и до оддалечување. Најверојатно вие ќе сакате дел од заштедата да ја потрошите на нов автомобил или на реновирање на домот, а партнерот најверојатно ќе бара уште малку да заштедите. Во втората половина на месецот ќе имате можност за повеќе забава и остварување на повеќе заеднички цели што ќе придонесе за подобрување на емотивната врска. Партнерот ќе ви пружа поддршка, а конечно ќе се договорите заедничката заштеда да ја вложите во нешто што ќе ви биде од поголема корист во заедничкиот живот.

Ако сте слободни

На почетокот на месецот ќе се чувствувате незадоволни од емотивниот живот и од луѓето што ве опкружуваат. Ќе чувствувате потреба да отпатувате некаде, за да имате можност да запознаете нова личност што ќе се разликува од луѓето што ги познавате. Во втората половина на август ви претстои средба со личност со којашто сте биле блиски во минатото и долго време не сте се виделе. Постои можност за ново разгорување на страстите и за влез во романтична врска што овојпат ќе биде стабилна и долготрајна.

Лав

Ако сте во врска

Поради спротивставените ставови и несогласувањата и поради тоа што подолго време некои работи сте ги игнорирале во врската можно е на почетокот на месецот да дојде до заладување во односите со партнерот. Ниту еден од вас нема да биде подготвен на компромис, поради што може да дојде до уште поголемо оддалечување во врската. Сепак, во третата декада од месецот постои можност за конечно разрешување на проблемите и несогласувањата и за конечно стабилизирање на врската. Во тој период ќе бидете подготвени на искрени разговори и ќе ѝ покажете на саканата личност што чувствувате кон неа и што ви претставувало проблем во врската. Можно е заедно да отидете на кратко патување.

Ако сте слободни

Ќе почне да ве загрижува тоа што подолго време сте сами и тоа што никој не ве привлекува. Ви се чини дека секоја нова личност што ќе ја запознаете е незрела, несериозна, недоверлива и дека не ги поседува потребните квалитети. Поради ова во првата половина на месецот ќе се повлечете во себеси. Во втората половина на месецот можно е да запознаете личност што е доста комуникативна, со јасни ставови и стабилен карактер. Ќе почнете да се гледате, а доколку откриете дека добро се сложувате, може да се појават и емоции од двете страни.

Девица

Ако сте во врска

Во почетокот на месецот ќе дознаете некои тајни на партнерот што ќе доведат до посериозни тешкотии во односот, но и до оддалечувања. Можно е да се појават и поголем број недоразбирања поради што е можно целосно да престанете да комуницирате. Ќе ви биде потребна добра волја за да го решите овој проблем. Во третата декада на месецот ќе почнат да испливуваат на површина уште повеќе скриени тајни што ќе ве натера да почнете да размислувате да ја прекинете врската. Ќе чувствувате дека во целост сте ја загубиле довербата во партнерот и дека цело време сте живееле во лаги. Внимавајте, не е добро да носите брзи и непромислени одлуки.

Ако сте слободни

Поради променливото расположение ќе ви биде тешко да запознаете нови личности. Ќе се обидете неколкупати подобро да се запознаете со некои личности што ги гледате во друштво на вашите пријатели и што ќе ви пружат внимание, но ќе увидите дека меѓу вас има повеќе разлики отколку сличности. Дури при крајот на месецот имате можност за ново познанство што ќе биде занимливо и ќе има можност да прерасне во нешто повеќе.

Уште шест знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg