Љубовен хороскоп за септември 2021: Овни – подгответе се за љубовна авантура, Ваги – тајна врска со зафатена личност

Вага

Ако сте во врска

На почетокот од месецот ќе дознаете тајна што партнерот ја криел од вас, а ова значително ќе го залади вашиот однос. Но, набрзо ќе се обидете да покажете разбирање, па со разговор ќе најдете решение. Во втората половина од септември партнерот ќе сака да се потпира на вас и иако ова ќе ви годи, сепак ќе чувствувате доза сомнеж за неговите мотиви. До крајот на месецот ќе успеете да ги надминете разликите и проблемите.

Ако сте слободни

Можно е да почнете тајна врска со личност која премногу ви се допаѓа, но е зафатена. Ако се впуштите во оваа авантура, најверојатно ќе бидете разочарани. Во втората половина од месецот ќе сретнете друга, посериозна личност. Ќе почнете да се гледате, ќе се зближите, а набрзо ќе почнете и врска.

Скорпија

Ако сте во врска

Почетокот на септември ќе ви донесе многу интимни моменти со партнерот. Ќе имате повеќе време за вас и ќе ја подобрите комуникацијата. Во последната декада од месецот можни се несогласувања околу домашните обврски. И двајцата ќе ја покажете вашата тврдоглавост, но за брзо ќе се согласите на компромис и нештата ќе станат многу подобри.

Ако сте слободни

Ќе почне да ви се допаѓа личност која ја гледате често, но со која сте немале можност за разговор. Брзо ќе сфатите дека одлично се разбирате и навистина ќе ви годат заедничките разговори. Често ќе излегувате заедно и до крајот на месецот најверојатно ќе почнете сериозна и стабилна врска.

Стрелец

Ако сте во врска

Првата половина од месецот ќе биде исполнета со заеднички излегувања и авантури со партнерот. И двајцата ќе се чувствувате одлично и ќе уживате во заедничките мигови. Во третата декада ќе почнете со планирање на заедничките цели, но и со решавање на постарите проблеми кои сте ги потиснувале. Сето ова ќе има позитивно влијание врз вашиот однос.

Ако сте слободни

Септември ќе ви донесе познанство со интелигентна личност која веднаш ќе ве привлече со нејзиниот начин на размислување. На почетокот ќе комуницирате само на далечина, но до средината на месецот ќе имате можност да се сретнете и во живо. Иако ви се допаѓа оваа личност, нема да брзате со одлуките и ќе почекате да видите како ќе се одвива целата ситуација.

Јарец

Ако сте во врска

Во првата половина од септември целосно ќе му се посветите на партнерот и ќе сакате да ги задоволите сите негови потреби. Ќе покажете разбирање и ќе ја подобрите комуникацијата. Во втората половина можно е да го заладите односот – партнерот ќе сака да излегувате почесто, а вам ќе ви пречи тоа. До крајот на месецот ќе најдете повеќе време еден за друг и ќе имате можност да ги решите проблемите.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе запознаете необична личност која самата ќе ви пријде и ќе ви покаже наклонетост. Ќе почнете да се гледате, а и двајцата ќе уживате во овие средби. На почетокот ќе бидете воздржани, но до крајот на месецот можно е да се родат и чувства, па најверојатно ќе почнете сериозна врска.

Водолија

Ако сте во врска

На почетокот од месецот со партнерот најмногу ќе се фокусирате на домот, а можно е да најдете и некои ново заедничко хоби. Но, периодов настојувате да го идеализирате партнерот и да очекувате премногу од него, а ова кога-тогаш ќе резултира со разочарување. Втората половина од месецот ќе помине хармонично и со партнерот одлично ќе се согласувате за скоро сè.

Ако сте слободни

Ќе запознаете личност со слободен дух која веднаш ќе почне да ви се допаѓа. Со оваа личност ве очекуваат незаборавни мигови и авантури, а привлечноста ќе биде обострана. До средината на месецот ќе почнете врска и иако можеби сега и двајцата не барате ништо сериозно, врската има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе.

Риби

Ако сте во врска

Првата половина од септември ќе ви донесе многу несогласувања со саканата личност. И двајцата ќе се сомневате еден во друг, а довербата во врската ќе страда. Конфликтите ќе бидат секојдневие, но до третата недела од септември нештата ќе тргнат на подобро. Ќе најдете време за искрен разговор со парнтерот и ќе им ставите крај на сите недоразбирања и проблеми.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе настојувате да ја идеализирате личноста што ви се допаѓа, особено откако ќе почнете да излегувате заедно. Но, набрзо ќе бидете разочарани и ќе сфатите дека сте направиле грешка во процената. Во втората половина од септември ве очекува познанство со нова личност со која веднаш ќе најдете заеднички јазик. Ќе се чувствувате како да сте ја сретнале вашата сродна душа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg