Љубовен хороскоп за септември 2021: Овни – подгответе се за љубовна авантура, Ваги – тајна врска со зафатена личност

Заладен однос или хармонија во врската? Многу проблеми или многу прекрасни мигови со партнерот? Дали ќе ја најдете вашата сродна душа или и овој месец ќе бидете разочарани?

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2021-01.jpg

Веќе наближува и деветтиот месец од годината, а со него доаѓаат многу нови можности, но и многу проблеми. За што да се подготвите вие?

Што ќе ви донесе овој септември на поле љубов?

Овен

Ако сте во врска

Во првата декада од септември подгответе се за несогласувања со партнерот, најмногу поради заедничките цели. Ситуацијата може да кулминира со непријатна сцена за која ќе се обвинувате еден со друг. По тешкиот период сепак ќе ги надминете разликите и во врската ќе почне да владее хармонија. До крајот на месецот ќе најдете заеднички јазик и нештата ќе бидат многу подобри.

Ако сте слободни

Првата декада од септември ви носи многу авантури на поле љубов. Ќе почнете да се гледате со личност со авантуристички дух, но по само неколку средби ќе сфатите дека новиот партнер е посесивен и љубоморен, па ќе се разделите. До крајот на месецот ќе запознаете уште една личност што ќе ве заинтересира, но нема уште веднаш да се впуштите во сериозна врска.

Бик

Ако сте во врска

Септември ќе ви почне со недоразбирања со партнерот кои ќе бидат причина за многу расправии. Во втората половина од месецот ќе најдете решение за проблемите и ќе ја добиете потребната поддршка од партнерот. Најверојатно ќе почнете и со реализација на заедничките цели, а ова дополнително ќе го подобри односот меѓу вас.

Ако сте слободни

Овој месец избегнувајте ги лудите забави и внимавајте на однесувањето ако сакате да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Ако успеете во тоа, подгответе се за многу авантури со новиот партнер. Кон крајот на месецот ќе сфатите дека и вие и партнерот немате многу време за врска, но ова дополнително ќе ве мотивира да останете заедно.

Близнаци

Ако сте во врска

На почетокот од месецот партнерот ќе ви покажува разбирање, а и двајцата ќе бидете особено задоволни од вашиот однос. Ќе имате многу можности за забава, па дури и реализација на некоја важна цел. Генерално, целиот месец ќе владее хармонија, ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот и ќе најдете нови забавни заеднички активности.

Ако сте слободни

Овој септември ќе имате можност да запознаете личност која ги исполнува сите ваши стандарди. Чувствата ќе бидат обострани и брзо ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта. Најверојатно ќе почнете и врска, а до крајот на месецот можно е и лудо да се вљубите во новиот партнер.

Рак

Ако сте во врска

Во првата половина од месецот одлично ќе се согласувате во врска со заедничките цели и финансии, но вие сепак ќе чувствувате доза сомнеж кон постапките на партнерот. До крајот на третата недела од септември ќе го заладите односот со него, најмногу поради вашата тврдоглавост. Но, ако бидете отворени за компромис, лесно ќе ги надминете проблемите.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе бидете расположени само за кратки љубовни авантури и ќе имате многу можности за тоа. Само, внимавајте да не бидете повредени. Во втората половина од септември ќе запознаете личност која многу ќе ви се допадне и голема е веројатноста да почнете сериозна врска.

Лав

Ако сте во врска

На почетокот од месецот нештата ќе бидат одлични – добро ќе се согласувате со партнерот и ќе можете отворено да разговарате за најважните работи. Во втората половина можно е да се појават сомнежи и љубомора кои ќе го заладат односот со партнерот. Сепак, со искрен разговор, до крајот на месецот би требало да им ставите крај на сите недоразбирања.

Ако сте слободни

Во септември конечно ќе имате можност да поразговарате со личноста што ви се допаѓа. Ќе бидете пријатно изненадени и ќе сфатите дека имате многу заеднички интереси. Ќе се гледате многу често, но сепак ќе бидете воздржани кога станува збор за чувствата. До крајот на месецот ќе се опуштите и веројатно ќе започнете врска која има потенцијал да се претвори во нешто повеќе.

Девица

Ако сте во врска

Почетокот на месецот ќе ви донесе толку многу несогласувања со партнерот, што ќе почнете да размислувате да ѝ ставите крај на врската. Но, не брзајте со одлуките – веќе во втората недела ќе најдете решение за многу проблеми. До крајот на месецот можна е уште една голема караница, но повторно ќе најдете заеднички јазик и ќе почнете да уживате во заедничките мигови.

Ако сте слободни

На почетокот од месецот ќе бидете разочарани од личноста којашто ви се допаѓа веќе извесен период – ќе станете свесни за многуте нејзини недостатоци. Но набрзо потоа ќе запознаете друга интересна личност со која веднаш ќе почнете да комуницирате. Ќе ви треба време да се уверите дали ова е вистинската личност за вас, а до крајот на месецот веројатно ќе почнете и врска.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg