Една причина зошто секој хороскопски знак одбива секс

Кога партнерот или партнерката одбива да има секс веднаш почнувате да размислувате: Дали навистина само не е расположен/а или има и нешто друго?

edna-prichina-zoshto-sekoj-horoskopski-znaci-odbiva-seks-01.jpg

Дали веќе не ве сака? Дали не сте привлечни повеќе? Дали ве изневерува?

Постојат повеќе различни причини зошто партнерот може да одбива секс, а неговиот или нејзиниот хороскопски знак може да ви даде увид во тоа зошто ги одбива интимните моменти.

Зошто хороскопските знаци одбиваат секс:

Овен

По природа Овните се мошне искрени и директни, ако ви кажат дека се уморни, тогаш најверојатно тоа е така.

Но, може да се случи да се воздржуваат од секс доколку сакаат на партнерот да му кажат дека повеќе би сакале да бидат на некое друго место и да прават нешто друго.

Тоа го прават за да ве натераат да промените нешто или да си заминете. Најчесто тие се воздржуваат од секс за да се заштитат себеси доколку се чувствуваат загрозени или повредени.

Бик

Биковите се мошне вредни и амбициозни. Тие се целосно сконцентрирани на убавината, парите, луксузот и материјалните работи, па така доколку одбиваат да имаат секс, најверојатно тоа значи дека се сконцентрирани на работата.

Биковите може да се воздржуваат од секс за да го казнат партнерот што ги налутил, а исто така, сексот ќе го користат и како оружје за да го натераат партнерот да се откаже од некои лоши навики.

shto-se-krie-zad-umoren-sum-i-me-boli-glava-zoshto-horoskopskite-znaci-odbivaat-seks-01_1.jpg

Близнаци

Мошне е тешко да ги процените Близнаците затоа што тие се личности со повеќе слоеви и лица. Понекогаш тоа што го покажуваат, не е одраз на нивните размислувања и на тоа што ги измачува.

Доколку одбиваат секс, тогаш најверојатно се преоптоварени со некои размислувања за кои што не сакаат да разговараат со вас. Можеби размислуваат за проблемите на работното место или за вашата врска, но не ви кажуваат ништо затоа што не сакаат да кажат нешто погрешно и да ве навредат.

Рак

Раковите се мошне чувствителни личности со постојано променливи расположенија. Понекогаш може да се навредат и од најдобронамерните шеги.

Така, доколку одбиваат да бидат интимни со вас, размислете добро што сте направиле за да ги навредите.

Раковите исто така може да одбиваат секс и доколку не се чувствуваат емотивно стабилни во врската, особено доколку брзо сте се запознале и сè уште сте на почетокот на врската.

shto-se-krie-zad-umoren-sum-i-me-boli-glava-zoshto-horoskopskite-znaci-odbivaat-seks-02.jpg

Лав

Доколку Лавот не е заинтересиран за секс, тоа најчесто значи дека не е проблемот до вас, туку дека има проблем со самодовербата.

Можеби не се чувствуваат сигурни во себеси, па затоа се затвораат, за да не бидат засрамени.

Нивната несигурност и недостаток на самодоверба честопати може да наликува и на напад на депресија, а најдоброто нешто што можете да направите е да им посветите внимание и да ги опсипете со комплименти.

Девица

Девиците во основа се мошне свесни за тоа што значи да се живее здраво. Така, доколку одбиваат да бидат интимни тоа најчесто може да значи дека навистина не се чувствуваат добро.

Тоа значи дека физички не се чувствуваат добро, дека не се тука со паметот, сконцентрирани се на проблемите на работното место или се справуваат со некои други проблеми.

Девиците се мошне искрени, па ако ги прашате во што е проблемот, голема е веројатноста дека ќе ви ја кажат вистината.

Уште шест знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава