Скорпијата нема да ве остави дури и кога најмногу страда - Најголемата тајна на секој од знаците

Вага

Вагите имаат силна интуиција и најчесто ги предвидуваат нештата уште пред да се случат. Проблемот е во тоа што ретко ја споделуваат оваа способност со другите, затоа што се плашат од потсмев и јавно понижување поради нивното изразено шести сетило.

Скорпија

Дури и кога им е најтешко и се на дното, Скорпиите нема да ве напуштат и секогаш ќе најдат време и простор за вас. Тие се лојални до последниот здив, колку и да се чувствуваат лошо, ќе „намонтираат“ насмевка и храбро лице и ќе излезат да се сретнат со вас.

Стрелец

Она што му е најбитно на авантуристички настроениот Стрелец е никој, никогаш да не ја загрози неговата слобода. Алергичен е на луѓе и настани кои се обидуваат да му го скратат правото на движење и правото на слободен говор.

Јарец

Иако важи за соло играч, Јарецот многу пати тајно застанал во одбрана на својот тим, иако не сите се покажале како вредни работници. Сепак, пред претпоставениот, тој ќе има пофални зборови за сите, бидејќи тој сепак е водач на тимот, а неуспехот не е опција.

Водолија

Водолијата е тип на човек кој оди од крајност во крајност – или ќе се залепи толку многу до вас што нема да имате простор да дишете или ќе ве избрише од животот како воопшто да не сте постоеле. Вашите постапки ќе ви ја запечатат судбината.

Риби

Рибите по природа се интроверти, и навидум изгледа дека имаат кренато високи, непробојни ѕидови околу себе. Но, потребно е многу малку истите да се срушат, а тие очајно сакаат да пуштат некого во својот живот, со цел да ги споделат болките и стравовите со другите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава