Љубовен хороскоп за ноември 2021: Скорпии – бившиот партнер ќе ве прогонува, Стрелци – афера со зафатена личност

Некои ќе имаат среќа да ја најдат сродната душа, а други подобро е да не влезат во врска, затоа што може да завршат со некоја проблематична или посесивна личност. Кои знаци треба да бидат внимателни?

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2021-skorpii-bivshiot-partner-kje-ve-progonuva-strelci-afera-so-zafatena-lichnost-01.jpg

Во поглед на љубовен план, претпоследниот месец во оваа 2021 година кај поголем дел од хороскопските знаци ќе донесе пресвртница.

За некои знаци ќе значат и конечно раскинување, други ќе бидат прогонувани од бившата љубов, а минливите афери може да им донесат и низа непријатности.

Овој месец на некои од хороскопските знаци ќе им донесе хармонија во врската, а на други им се заканува раскинување. Кои знаци треба да бидат особено внимателни?

Овен

Ако сте во врска:

Согласни сте со партнерот дека треба повеќе да поработите на заедничките цели. Во првата половина од месецот можни се несогласувања и расправии околу излегувањата со пријателите и вложувањето на заедничките финансии. Во втората половина од месецот полесно ќе постигнете компромис за прашањата за коишто не сте се согласувале, па на саканата личност ќе ѝ подарите нешто што подолго време сте посакувале да ѝ го подарите.

Ако сте слободни:

Можна е нова врска со некоја личност со која ќе се запознаете преку работењето на некој заеднички проект. Станува збор за некоја амбициозна личност со стабилен карактер што е мошне заинтересирана за сериозна врска. Повозрасните Овни имаат потреба да најдат личност со која би можеле да започнат сериозна врска на долги патеки и најверојатно оваа желба ќе им се исполни.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе имате несогласувања со партнерот затоа што тој сака да ја наметне својата доминантна страна, а вие имате потреба да бидете во целост слободни и независни. Секој држи до своето и не попушта. Проблемите ќе станат уште понагласени во втората половина на месецот, поради што можно е да дојде до раскинување на врската. Единствено може да ви помогне доколку бидете во целост искрени и подготвени да се приспособите на ситуацијата.

Ако сте слободни:

Лесно ќе наоѓате луѓе што ве привлекуваат, но постојано наоѓате некој недостаток кај нив. Можно е непромислено да влезете во врска со некоја нова личност, па потоа да се соочувате со проблемите поради големиот број разлики и несогласувања. Можно е нештата да ескалираат и до физичко насилство. Најдобро е да се обидете да не влегувате во нови врски овој месец.

Близнаци

Ако сте во врска:

Овој месец ѕвездите ви се насмевнуваат на љубовен план. Со партнерот ќе си давате заемна поддршка во сите аспекти од животот, ви се подобрува комуникацијата и можно е некое романтично патување. Во втората половина од месецот можни се несогласувања откако ќе сфатите дека партнерот крие нешто од вас, но тој проблем брзо ќе го надминете и ќе се вратите на првичната хармонија во врската.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете личност со која ќе можете да водите отворени и искрени разговори. Ова пријателство може брзо да разбуди обострани емоции, а при крајот на месецот веројатно е почнување на нова врска што ќе биде долгорочна и хармонична. Повозрасните претставници на знакот можно е да ја најдат својата сродна душа.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе имате повеќе трпение за партнерот и ќе се посветите на остварувањето на заедничките цели. Добро сте расположени и ќе ја подобрите комуникацијата. Сомнежите кај партнерот што ќе се јават во втората половина на месецот ќе предизвикаат недоверба, по што се можни проблеми, тензична атмосфера и меѓусебни обвинувања. Искрениот разговор на крајот од месецот ќе ви помогне да увидите дека можеби и сте ги преувеличиле нештата.

Ако сте слободни:

Можно е зближување со некоја личност што ја познавате од порано, но која живее на некое друго место или во странство. Првичните симпатии ќе се развијат во емоции и можно е да се договарате за брза средба со што ќе ви се отвори можност за нова и хармонична врска. Повозрасните Ракови лесно се вљубуваат но не се сигурни дали сакаат сериозна врска или кратка авантура.

Лав

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе имате поголемо разбирање и полесно ќе постигнете договор со саканата личност. Но, вашето постојано одложување на некои приоритетни проблеми може да предизвика поголем број проблеми и несогласувања, што ќе ескалира и во расправии за остварувањето на заедничките цели. Дури кон крајот на месецот ќе успеете да ги намалите тензиите и да постигнете согласност за решавање на проблемите.

Ако сте слободни:

Ќе бидете заинтересирани подобро да се запознаете со некоја личност што ќе ве привлече со сопствениот оптимизам и интелектуалните способности. Сепак, ќе почнете да забележувате дека имате различни погледи за некои работи во животот. Емотивната врска би можела да се развие само доколку почувствувате и силни заемни емоции. Повозрасните Лавови имаат мошне високи критериуми за личноста со која сакаат да се поврзат и тоа може да доведе до оддалечување.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе поминувате повеќе време со саканата личност и ќе имате одлична меѓусебна комуникација. Ќе знаете како да ги исполните сите желби на партнерот и ќе почнете разговори за повеќе важни теми, а љубовната врска ќе ви биде на прво место, пред другите професионални, приватни и општествени обврски. На тој начин ќе ги надминете сите препреки и ќе постигнете поголема стабилност во врската.

Ако сте слободни:

Во постојана потрага сте по личноста за која долго време сонувате, а некои среќни околности ќе ве доведат до запознавање со некоја личност што ќе има слични критериуми и очекувања од љубовта. Можно е брзо вљубување и започнување заедничка врска која може да доведе до заеднички живот. Повозрасните Девици можно е да се обидат да започнат врска со некоја личност со која подолго време биле во „врска без обврски“.

Уште шест знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg