Финансиски хороскоп за декември 2021: Бикови – Ќе се расфрлате со пари, Скорпии - неочекувани добивки

Биковите ќе се однесуваат како да се милионери, Скорпиите може да очекуваат ненадејни добивки. Што ве очекува на финансиски план во последниот месец од оваа година?

finansiski-horoskop-za-dekemvri-bikovi-kje-se-rasfrlate-so-pari-skorpii-neochekuvani-dobivki-01.jpg

Декември е последниот месец во годината, а во продолжение дознајте што ве очекува на финансиски план. Кој ќе ја заврши оваа 2021-ва година со големи добивки, а кој ќе претрпи финансиски загуби?

Овен

Имате чувство како парите да ви бегаат од раце, како постојано да губите некаде пари, а не знаете каде.

Овој месец ќе бидете мошне расеани и често ќе заборавате работи, па постои можност и да загубите некоја поголема сума пари или да заборавите да подмирите некој важен долг.

Обидете се да бидете посконцентрирани и пофокусирани, за да можете да го истуркате последниот месец во годината без поголеми загуби.

Бик

Декември е месецот кога ќе се однесувате како да имате милиони. Мошне сакате да ги израдувате најблиските па уште во првите три недели од месецот ќе трошите пари за подароци и ситници.

Потребно е да внимавате како ги трошите парите, за да не ви се случи годината да ја завршите без скршен денар.

Близнаци

Декември е месецот кога конечно ќе ја остварите ризичната инвестиција за која со месеци наназад размислувавте.

На финансиски план можете да очекувате промени по 19-ти декември, кога конечно ќе го решите проблемот со некоја блиска личност што „ве кочела“ и ви правела проблем со трошењето пари.

Рак

Благодарение на тоа што во изминатите месеци воопшто не внимававте на трошењето, во декември ќе треба да внимавате.

Од 13-ти декември ќе бидете посмирени, кај вас ќе преовладува логичното размислување и најверојатно во овој период ќе одлучите да ја скриете кредитната картичка и малку повеќе да внимавате на тоа како ги трошите парите.

Лав

Ќе имате големи трошоци во декември. Можно е да купите нов автомобил или да вложите во уредувањето на животниот простор, а ќе сметате дека потрошените пари ви се добра инвестиција за следната година.

Најдобар период за инвестиции е до 4-ти декември, кога ѕвездите ќе ви бидат особено наклонети за нови почетоци.

Девица

Морате да научите да се контролирате, за да не останете со многу малку пари.

Доколку немате трпение па уште на почетокот на месецот почнете да се расфрлате со пари за подароци, можно е празниците да ги дочекате во незавидна финансиска ситуација.

Не брзајте, почекајте да почнат распродажбите и бирајте паметно што ќе купите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg