Еден хороскопски знак кој ви влијае токсично – кого треба да избегнувате?

Сите имаме маани – големи или мали. Луѓе сме, правиме грешки и мора да прифатиме дека сите сме донекаде токсични, секој на свој начин, во зависност од луѓето кои ќе ги сретнеме во нашите животи.

Najtoksicnite-lugje-od-koi-treba-da-begate-spored-znakot-01.jpg

Секако дека токсичноста не е особина со која треба да се гордееме. Поради таа причина се трудиме да ја скриеме оваа страна, но честопати тоа не е можно.

Нашето токсично однесување понекогаш се манифестира против личната волја затоа што некои луѓе едноставно нè предизвикуваат да ја покажеме нашата „темна“ страна.

Кои токсични луѓе е пожелно да ги избегнувате, според хороскопскиот знак?

Овен

Овенот треба да ги избегнува Биковите кои се подеднакво тврдоглави како и нив, а нивната врска (било колегијална, пријателска или романтична) се карактеризира со постојани тензии.

Бик

Биковите сакаат да имаат ред во нивните животи. Затоа хаотичниот Стрелец е знак кој мора да го избегнуваат на секој можен начин.

Близнаци

На Близнаците им е тешко со Водолиите – толку се слични што нивната енергија и невнимание не им дозволуваат да размислуваат јасно.

Рак

Емотивните и нежни Ракови се чувствуваат загрозено од површните и безгрижни Близнаци, кои лесно ќе ги повредат.

Лав

Да, Лавовите се тешки луѓе. Но, кога ќе го сретнат Јарецот, сигурно е дека нема да можат да се справат со неговата ароганција.

Девица

Организираните Девици не можат да ги издржат емотивните изливи на Рибите кои постојано им „лазат“ по нервите.

Najtoksicnite-lugje-od-koi-treba-da-begate-spored-znakot-02.jpg

Вага

Вагата има интересна карактеристика: не се поднесува самата себеси. Кога ќе се сретнат две Ваги, нивото на токсичност го достигнува својот максимум.

Скорпија

Скорпиите се чувствителни, но силни. Но, Овенот толку силно ќе ги притиска, ќе ги критикува и ќе ги натера да изгубат секаква самодоверба во себеси.

Стрелец

Стрелецот не може да го поднесе животот со Скорпија. Сака внимание и нема да дозволи Скорпијата да доминира со него.

Јарец

Јарците треба да ги избегнуваат Скорпиите. Јарците го сакаат својот простор, а Скорпиите секогаш се трудат да доминираат и да бидат главни во оваа врска.

Водолија

Водолиите треба да се држат подалеку од Лавот. Нема да се чувствуваат слободни да се покажат во вистинско светло пред него.

Риби

Рибите сакаат љубов, наклонетост, нежност. Девиците нема да можат тоа да им го понудат, строго ќе се однесуваат кон нив и ќе ги критикуваат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg