Љубовен хороскоп за декември 2021: Бикови – страсна авантура со личност од странство, Ракови – ќе се врати љубовта од минатото

Некои ќе го подобрат односот со партнерот, некои многу ќе се расправаат, а некои ги очекуваат неколку забавни љубовни авантури – што ќе ви приреди овој декември на поле љубов?

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2021-bikovi-strasna-avantura-so-lichnost-od-stranstvo-rakovi-kje-se-vrati-ljubovta-od-minatoto-01.jpg

За повеќето, декември ќе биде исполнет со прекрасни моменти со саканата личност. И покрај несогласувањата и расправиите, до крајот на месецот, но и годината, сите ќе најдат заеднички јазик со партнерот.

Среќата им се насмевнува и на скоро сите кои се сингл, па многумина конечно ќе ја пронајдат својата сродна душа.

Овен

Ако сте во врска:

Во првата половина од декември ќе имате можност да им се посветите на заедничките цели со партнерот. Бидејќи ќе минувате повеќе време заедно, вашата врска значително ќе се подобри. Во втората половина од месецот ќе се фокусирате на стабилноста на врската и иако прво ќе ви се чини како да го заладувате односот меѓу вас, до крајот на месецот ќе се справите со повеќето проблеми.

Ако сте слободни:

Во првата половина од месецот ќе сретнете амбициозна личност која многу ќе ви се допадне. Ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта, а привлечноста ќе биде обострана. Кон крајот на месецот можно е да се исплашите поради интензивните чувства помеѓу вас и нема да брзате со почнување врска. Но, сепак ќе продолжите да се состанувате и ќе уживате во заедничките мигови.

Бик

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе ја подобрите интимната врска со партнерот, а можно е и да заминете на патување кое ќе го зајакне вашиот однос. Сепак, втората половина од декември може да донесе проблеми, најмногу поради несогласувањата околу реализацијата на заедничките цели. Лесно можете да се справите со критичниот период ако и двајцата се согласите на компромис.

Ако сте слободни:

Овој декември ќе запознаете некој странец кој веднаш ќе ви се допадне. Сепак, нема да брзате со одлуката да почнете врска од едноставна причина – страв ви е како ќе се одвиваат нештата кога личноста ќе се врати во својата земја. Односот со оваа личност ќе ви помогне да си ги промените очекувањата од љубовта и да бидете пореалистични, а до крајот на месецот можно е да почнете да разговарате и за врска.

Близнаци

Ако сте во врска:

Првата половина на декември ќе ви донесе несогласувања и проблеми на поле љубов. Со партнерот ќе мора да се потрудите да најдете решение ако не сакате да ја загрозите врската. Кон крајот на месецот сепак ќе успеете да најдете решение и значително да го подобрите односот меѓу вас. Сосема возможно е и да остварите некоја голема заедничка цел.

Ако сте слободни:

Во првата половина од декември немојте да брзате со почнување врска, особено ако сакате нешто сериозно. Можно е да имате некоја кратка авантура, но тоа ќе биде сè. Во втората половина од месецот ќе запознаете личност од странство чиј интелект нема да ве остави рамнодушни. Најверојатно ќе почнете врска на далечина која има потенцијал да се претвори во нешто сериозно и да резултира со заедничко живеење.

Рак

Ако сте во врска:

На самиот почеток од месецот ќе имате можност да го зголемите заедничкиот буџет со партнерот. Истовремено, значително ќе се зближите и ќе си ги исполнувате вашите желби и очекувања. Но, бидете внимателни во втората половина од месецот – можни се многу несогласувања во врска со вашите социјални животи. Ќе мора и двајцата да обрнете внимание на вашите потреби за да ги избегнете сериозните проблеми.

Ако сте слободни:

Декември ќе ви донесе познанство со личност која ќе ве привлекува физички. Ќе почнете да излегувате, но кон средината на месецот ќе се врати некоја љубов од минатото. И двајцата ќе ја почувствувате привлечноста, па ќе мора да донесете одлука дали да продолжите со новиот партнер или да му дадете уште една шанса на поранешниот.

Лав

Ако сте во врска:

Декември ќе ви почне со многу забави, уживање и радост. Ќе ги подобрите односот и комуникацијата со партнерот и ќе сакате да им се посветите на заедничките цели. Сепак, токму овие цели можат да го заладат односот меѓу вас во втората половина од месецот. Ќе има многу несогласувања и расправии и атмосферата ќе биде напната. Но, ако и двајцата покажете разбирање, до крајот на месецот ќе се справите со сите проблеми.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете интересна личност на место каде што често излегувате и сосема спонтано ќе почнете да зборувате за разни теми. И двајцата ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта и дека ви годи разговорот. Ќе почнете да се гледате, но нема да сакате да кажете никому. Во втората половина од месецот можни се расправии со оваа личност, но и покрај сите разлики, ќе одлучите да ѝ дадете шанса на љубовта.

Девица

Ако сте во врска:

Месецот ќе ви почне со несогласувања со партнерот поради лошата комуникација. За среќа, ова ќе бидат ситници, па лесно ќе ги надминете недоразбирањата. Кон средината на месецот ќе имате повеќе време за партнерот, а ова ќе има добро влијание врз вашиот однос. Можно е да отидете и на кратко патување што значително ќе ја зајакне стабилноста во врската.

Ако сте слободни:

Во првата половина од декември ќе запознаете неколку интересни личности, поради што ќе бидете неодлучни. Сепак, брзо ќе ја донесете вистинската одлука и ќе почнете да се гледате со личност која многу ќе ве привлекува. До крајот на месецот можно е да почнете и сериозна врска.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg