Љубовен хороскоп за декември 2021: Бикови – страсна авантура со личност од странство, Ракови – ќе се врати љубовта од минатото

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2021-bikovi-strasna-avantura-so-lichnost-od-stranstvo-rakovi-kje-se-vrati-ljubovta-od-minatoto-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот од декември ќе ја добиете потребната поддршка од партнерот, а вие ќе се потрудите да се адаптирате на неговите потреби. Сепак, можни се мали несогласувања во врска со заедничките хобија и забавни активности. Кон крајот на месецот ќе имате повеќе време еден за друг, како и можност да им ставите крај на недоразбирањата.

Ако сте слободни:

Првата недела од декември ќе биде забавна и динамична, а ќе ви донесе и познанство со интересна личност. Ќе почнете да се гледате и ќе минувате многу време заедно, но ќе ви биде страв да почнете нешто сериозно. Најдобро дајте си време, запознајте се подобро, па потоа одлучете што е најдобро да правите.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во првата недела од декември подобро ќе ги разбирате потребите на партнерот и значително ќе ја подобрите комуникацијата. Со партнерот ќе споделите и нешто што сте го криеле долго време поради стравот од неговата реакција, но тој ќе ви покаже разбирање. Кон крајот на месецот ќе бидете позатворени и можно е да се навратите на проблеми од минатото, но со искрен разговор лесно ќе се справите со нив.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете интересна личност преку заеднички пријатели и речиси веднаш ќе почнете да се гледате. Ќе имате многу заеднички нешта и сите ќе ја забележуваат страста помеѓу вас. Но, кон крајот на месецот овие чувства ќе се заладат. Ако сакате да продолжите да се гледате и да почнете врска, ќе треба отворено да разговарате за вашите потреби, но и вашите очекувања и цели.

Стрелец

Ако сте во врска:

Декември ќе ви почне со многу недоразбирања со партнерот. Ќе мора да најдете време за сериозен разговор ако сакате еднаш засекогаш да ги решите сите проблеми. Во втората половина од месецот ситуацијата ќе се подобри – ќе имате повеќе време за партнерот, како и можност за реализација на некоја лична цел. До крајот на декември, и вие и партнерот ќе бидете задоволни од вашиот однос.

Ако сте слободни:

Ќе дознаете дека личноста со којашто се допишувате и ви се допаѓа не е сингл, но ќе ви предложи да почнете тајна врска. Вам нема да ви се допадне ова и веднаш ќе го прекинете контактот. Кон средината на декември ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне и неколкупати ќе излезете заедно. На самиот крај на месецот конечно ќе сретнете личност која ја препознава вашата вредност и која ќе биде подготвена за нешто посериозно.

Јарец

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот ќе се појават многу сомнежи во врска со партнерот. Ќе ви се чини дека се однесува поразлично и ќе дознаете дека крие нешто од вас. За среќа, лесно ќе го решите овој проблем со сериозен разговор. И средината на декември ќе помине со несогласувања, а дури на крајот од месецот ќе успеете да се справите со сите недоразбирања и проблеми.

Ако сте слободни:

На почетокот од декември ќе запознаете личност која исто како вас бара сериозна врска. Уште при првата средба, привлечноста помеѓу вас ќе биде повеќе од очигледна и веднаш ќе почнете да се гледате. Кон крајот на месецот можно е малку да го заладите односот, но многу лесно ќе најдете решение за сите проблеми и недоразбирања.

Водолија

Ако сте во врска:

Декември ќе ви почне со многу забава со саканата личност. Ќе уживате во заедничките мигови и со ова значително ќе го зајакнете односот. Сепак, партнерот може да ви замери за претераното трошење, по што ќе настанат мали проблеми. Кон крајот на месецот ќе имате можност за кратко патување.

Ако сте слободни:

Уште на почетокот од месецот ќе запознаете комуникативна личност, многу поразлична од сите што сте ги сретнале досега. Привлечноста ќе биде обострана, а заедничките излегувања ќе бидат исполнети со забавни разговори. Сепак, внимавајте да не ја идеализирате оваа личност. До крајот на месецот и двајцата ќе знаете што сакате и најверојатно ќе почнете сериозна врска која ќе трае.

Риби

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ве очекуваат многу несогласувања со партнерот, најмногу поради заедничките цели. Ќе морате отворено да разговарате и да ја подобрите комуникацијата ако сакате да ги решите проблемите. Последната недела од месецот ќе ви донесе помирна атмосфера. Ќе имате повеќе време за партнерот и ќе го подобрите меѓусебниот однос.

Ако те слободни:

На почетокот од месецот ќе запознаете интересна личност која ќе настојувате да ја идеализирате. Но, штом ќе ја запознаете подобро, ќе се разочарате. Последната недела од декември ќе ви донесе познанство со друга личност, многу подобра од претходната. Речиси веднаш ќе почнете да се гледате и вистински ќе уживате во заедничките мигови.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg