Што значи добар секс за секој од хороскопските знаци?

Sto-znaci-dobar-seks-za-sekoj-od-znacite-02.png

Вага

Вагите се сензуални и ќе направат сè за да го задоволат партнерот. Сакаат рамнотежа во креветот и не сакаат никој да се жали на нивната изведба.

Секако дека немаат огнени моменти како Лавот или Овенот, но смиреноста, спокојството и романтиката им овозможуваат добар секс.

Скорпија

Скорпијата изразува апсолутна, огнена страст. Нејзината мистериозна и загадочна природа го привлекува интересот на другите како магнет, но за неа добриот секс има врска со интензитетот, емотивниот и физичкиот, а понекогаш и духовниот.

Скорпиите знаат што сакаат и ако успеете да ги натерате да се заљубат во вас и да ви се отворат, тогаш ќе се трудат секојпат да ви го разубават времето во креветот.

Стрелец

Најавантуристичкиот знак сака да биде заведен, но сака да пробува и нови работи.

Игри, спонтаност и ризични места – сето ова делува како стимул за Стрелецот, кој мисли дека добриот секс се случува кога не е рутински или планиран.

Јарец

Јарците ги следат правилата и секогаш работат според планот. Ако успеете да ги скршите табуата и границите што самите си ги поставуваат, ќе доживеете незаборавни ноќи на страст.

Во себе кријат голем еротски интензитет, кој тешко можат да го изразат поради ограничувањата што самите си ги наметнуваат во умот.

Водолија

Либералната и слободоумна Водолија не бара врска после сексот. Меѓутоа, во случај да ја натерате да се заљуби во вас, подгответе се за ноќи полни со страст и интензитет.

Водолијата е смел, инвентивен и жесток љубовник кој ќе ве остави без зборови.

Риби

Претставниците на овој знак имаат репутација дека живеат во свој меур. Истото се случува и во кревет.

Се сеќавате на сцените во филмовите каде што протагонистите се занесуваат во моменти на силна страст по тепачка или прошетка на дожд? Па, ако Рибите не доживеат нешто толку интензивно, тие не претпочитаат секс.

Добриот секс за нив значи романса.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава