Што значи добар секс за секој од хороскопските знаци?

Врз основа на хороскопскиот знак и планетата во наталната карта, астролозите можат да дефинираат колку сексот е важен за вас во врската, што преферирате во кревет и како ја „освежувате“ вашата врска.

Sto-znaci-dobar-seks-za-sekoj-od-znacite-01.jpg

Додека некои сакаат акција, интензитет и игри, други претпочитаат романтика и нежни бакнежи.

Како секој знак го дефинира добриот секс?

Овен

Овенот е еден од најнетрпеливите и најсебичните знаци. За него страста значи акција, интензитет и игра. Сексот за Овенот е многу важен во врската и доколку не го најде тоа што го бара, партнерот брзо ќе му здодее.

Кога ќе му се допадне некоја личност, тој за минута „пали“ и се претвора во оган во кревет. Сака изненадувања и еротска ноќ која ќе биде незаборавна.

Бик

Овој прилично сензуален знак нема веднаш да „запали“ како Овенот. Бикот ќе одвои време да ја подготви целата вечер како што треба.

Ќе започне со романтична вечера и вино, ќе продолжи со мала, секси игра и на крајот ќе стигне до спалната соба.

Доколку сакате да го импресионирате во кревет, фокусирајте се на деталите и заведете го со сите сетила.

Близнаци

Комуникација и интелигенција -  тоа се работите што Близнаците ги сметаат за секси. Можеби звучи безначајно, но за да „паднат“ во кревет, претставниците на Близнаците мораат прво да бидат маѓепсани од умот.

Секако, како еден од најкомуникативните и најекстровертните знакови, тие бараат нешто поинакво и посебно.

Мало навестување: сакаат валкани приказни.

Рак

Безбедност, љубов, почит. Ова се барањата на Раковите во текот на нивниот живот, а и во креветот. Тие се прилично срамежливи, но кога се чувствуваат удобно со некого, како да стануваат други луѓе.

Сексот го сметаат за форма на емоционална афирмација и за нив добар секс значи страст, романтика и длабока поврзаност.

Лав

Лавовите се разгорени од еротска страст и веруваат дека сексот е извор на енергија, инспирација и креативност. Благосостојбата на партнерот многу влијае на нивното задоволство.

На крајот на краиштата, како кралеви на зодијакот, тие секогаш сакаат да остават добри впечатоци во сите области, а сексот не е исклучок.

Девица

Сексот за Девиците е биолошка потреба, неопходна за правилно функционирање на врската. Но, не очекувајте конзервативно однесување во овој дел. Тие се жестоки љубовници и знаат како да го усреќат својот партнер.

Најмногу се возбудуваат кога знаат дека нивната врска има основа, има логика, и тогаш слободно се изразуваат во сексот.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg