Колку е романтичен секој хороскопски знак (кој е Купидон, а за кој романтиката е патетика)?

Додека некои хороскопски знаци „симнуваат ѕвезди“ за да ја покажат љубовта кон партнерот, други ги презираат овие гестови и сметаат дека не се најдобриот начин на изјавување љубов.

kolku-e-romantichen-sekoj-horoskopski-znak-koj-e-kupidon-a-za-koj-romantikata-e-patetika-01.jpg

Секој од нас сака доза романтика, без разлика дали тоа е некој сладок гест, кратка порака или мал подарок што ќе ни го разубави денот.

Но колку од нас се романтичари и со задоволство го опипуваат партнерот со романтични гестови? Можеби астрологијата го има одговорот.

Колку се романтични хороскопските знаци?

Овен

Овните не можат, а не ни пробуваат да ги скријат чувствата кон нивниот партнер. Сметаат дека тој заслужува многу штом прави да се чувствуваат прекрасно.

Обично ја покажуваат романтичната страна кога сакаат да ја разгорат страста во врската, а тоа се случува често.

Штом ќе наумат да направат нешто романтично, не се воопшто суптилни. Некогаш ова може да биде проблем ако партнерот не е фан на јавно изјавување љубов, но Овните дефинитивно се големи романтичари.

Бик

Биковите имаат високи очекувања од нивните партнери, но само затоа што прават многу за нив.

Штом се вљубени, тие целосно му се посветуваат на партнерот и не им се доволни само романтични гестови и слатки зборови.

Тие сакаат да се чувствуваат ценето и обично нивниот партнер е поромантичен од нив.

Но сепак, Биковите не ги запоставуваат потребите на партнерот и ако тој сака повеќе романтика, подготвени се да му го дадат токму тоа.

Близнаци

Близнаците немаат ништо против романтиката, но не им е најважното нешто.

Неретко имаат одлични идеи за тоа како да му ја изјават љубовта на партнерот, но штом ќе почнат да работат на една, веднаш добиваат подобра. Поради ова, најчесто „креваат раце“ од романтиката.

Близнаците сакаат да ја покажат љубовта кон партнерот, само го прават тоа на свој, неромантичен начин.

Рак

Раковите се пофокусирани на емоциите отколку изјавувањето љубов, но и романтиката е важен дел во нивните врски.

За нив е поважно добро да го запознаат партнерот и да го откријат секој скриен детаљ од неговиот карактер.

Веруваат дека комуникацијата со партнерот е поважна од слатките гестови, но тоа не значи дека ги занемаруваат.

Штом се среќни со партнерот, Раковите ќе дадат сè од себе за тој да се чувствува сакано и безбедно.

Лав

Лавовите ја сакаат страста што ја носи романтиката.

Кога се вљубуваат, се вљубуваат „до уши“ и со задоволство го изненадуваат партнерот со слатки, романтични гестови.

На Лавовите не им е страв да ја покажат љубовта што ја чувствуваат кон партнерот бидејќи, според нив, не постои ништо подобро од неа.

Лавовите се одлични партнери бидејќи се подготвени да направат многу за партнерот да се почувствува сакано.

Девица

На прв поглед, Девиците изгледаат како личности кои воопшто не се заинтересирани за романтика, но и тие сакаат да ја покажат љубовта со мали романтични гестови.

Девиците се нежни и емотивни личности и иако можеби нема да „симнуваат ѕвезди“ за партнерот, често ќе го изненадуваат со ситници како помагање со некоја обврска.

Нив им е поважно партнерот да сфати дека се овде за него и дека навистина се грижат за него, па ја покажуваат романтичната страна на малку поразличен начин.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg