Добрата и лошата страна на секој хороскопски знак како брачен партнер (+ совет како да се подобри)

dobrata-i-loshata-strana-na-sekoj-horoskopski-znak-kako-brachen-partner-ste-po-eden-brachen-sovet-03.jpg

Вага

Сакате да имате баланс и хармонија во домот и сакате да го правите партнерот среќен, тоа ве исполнува.

Сакате постојано сонце и виножита и тоа е одлична филозофија, но проблемот е што работите понекогаш се тешки и непријатни. Вежбајте како да се соочувате со проблемите, наместо да ги негирате.

Научете како отворено да разговарате за проблемите, пасивно-агресивниот пристап на долг рок ќе ви донесе проблеми во бракот.

Скорпија

Вие се отворате многу тешко, но штом некој успее да ви влезе во срцето, тогаш вие сте лојални, полни со љубов и посветени за цел живот. Одлични сте во комуникацијата и не се плашите да навлезете во длабоки теми.

Одлични сте во решавањето на големите проблеми, но љубомората и лажењето за мали работи без реална причина за тоа ви создаваат проблеми во бракот.

Престанете да криете ситници и престанете да му ги читате пораките на партнерот додека се тушира и сè ќе биде во ред.

Стрелец

Вие сте енергични и секогаш отворени за нови идеи, односно никогаш не сопирате со еволуирање и истражување, па затоа е забавно да се биде со вас во врска.

Предизвикот е вашиот нескротлив дух е малку да се призејми во бракот и да го вклучите партнерот во носењето на одлуки.

Импулсивни сте и зборувате пред да размислите. Ова е клучно да го промените за да не ја повредувате саканата личност.

Јарец

Вие сте искрени како партнер, не сакате играње на игри и воздржување. Отворено дискутирате со партнерот и секогаш се преиспитувате.

Но, понекогаш преголемата амбицизнсот и проверување на мејлот на одмор или за време на вечерата може да ви наштети на бракот.

Многу е важно малку да се релаксирате и да запомните дека не мора сè да биде по план и распоред, дозволете малку спонтаност и динамика.

Водолија

Уникатни сте и не сте конформисти, па вашиот партнер ќе биде зависен од магијата што ја носите во себе долго, долго време.

Лошата страна е што си ја обожавате независноста и не сте среќни кога партнерот бара услуги од вас.

Но, за пример е што фрустрациите не ги таложите тоа во себе, туку за емоциите разговарате јасно и гласно.

Риби

Вие сте несебични и посветени во бракот. Би направиле сè за личноста што ја сакате.

Проблем ви се секојдневните обврски во домот затоа што вие сакате да сонувате со отворени очи и да ја избегнувате реалноста.

Бидете му поголема поддршка на партнерот кога се бори со нешто и ќе живеете среќно до крајот на животот.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Медицински хороскоп: Кој дел од телото ви е силна страна, а кој ви носи проблеми, според знакот? Близнаците се склони кон анксиозност, проблеми со нервоза, болести поврзани со п...
Една навика со која несвесно си ја саботирате љубовната врска, според хороскопскиот знак Се трудите да ја зајакнете врската, но нешто постојано тргнува наопаку? Сте поми...
Како сами ги уништувате љубовните врски, според вашиот хороскопски знак? Додека Овните не можат да поднесат кога врската ќе стане малку монотона, на Лаво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg