Добрата и лошата страна на секој хороскопски знак како брачен партнер (+ совет како да се подобри)

Бик - Вие сакате бракот да ви биде мирно море, да владее хармонија и романтика. Но, вашата претерана тврдоглавост и гордост, може да донесе бура од конфликти. Внимавајте кога со зборовите го повредувате партнерот и дадете му простор кога му е потребно.

dobrata-i-loshata-strana-na-sekoj-horoskopski-znak-kako-brachen-partner-ste-po-eden-brachen-sovet-01.jpg

Kaкви се хороскопските знаци како брачни партнери? Зошто е убаво да се биде со нив во брак, но и која им е најголемата мана? Има ли решение на тоа?

Какви се хороскопските знаци како брачни партнери:

Овен

Вие сте креативен и забавен партнер, кој постојано смислува авантуристички патувања и ја одржува искрата во бракот.

Но, кога станува збор за тоа каков слушател сте, тогаш тука има простор за подобрување. Често влегувате во конфликти и ги наметнувате своите желби и ставови.

Понекогаш забавете малку и прашајте го партнерот како се чувствува.

Бик

Вие сакате бракот да ви биде мирно море, да владее хармонија и романтика.

Но, вашата претерана тврдоглавост и гордост, може да донесат бура од конфликти.

Внимавајте кога со зборовите го повредувате партнерот и дадете му простор кога му е потребно.

Близнаци

Вие сте забавни како партнер, постојано сакате новости и со вас никогаш не е здодевно. Постојано го охрабрувате партнерот да излезе од комфор зоната.

Но, внимавајте да не го притискате премногу. Понекогаш тој не сака да прави ништо, туку само да се излежува дома и дадете му време и простор за сам да донесе одлука.

Исто така убаво е што сакате хумор и добри шеги, но не мора тие да бидат на сметка на навиките на вашиот партнер во тоалетот.

dobrata-i-loshata-strana-na-sekoj-horoskopski-znak-kako-brachen-partner-ste-po-eden-brachen-sovet-02.jpg

Рак

Уште како мали сонувавте за брачен партнер и семејство и сега буквално го живеете својот сон. Емотивни сте, одличен слушател и многу емпатични, па партнерот ужива во начинот на кој се грижите за него.

Најголемиот проблем? Тоа што држите бес и лутина во себе, па потоа пукате за ситница и правите сцена.

Не бидете перфекционист постојано и запомнете дека вашиот партнер е само човек и понекогаш прави грешки, тоа е сосема нормално и човечки.

Лав

Вие сте самоуверени, огнени и страсни и сексуалниот живот секогаш ви е на ниво, па одлично е човек да ве има за партнер.

Но, негативната страна е што често го засенувате брачниот партнер. Мора да научите некогаш да му дозволите тој да биде ѕвездата во друштвото.

Не е во ред постојано да очекувате партнерот да го полева вашето его за да бидете среќни.

Девица

Вие сте многу шармантни и секогаш размислувате логички и рационално ги решавате проблемите, па задоволство е да се биде во брак со вас.

Интелектот ви е силна страна, но понекогаш сте многу опсесивни и постојано критикувате затоа што сте перфекционисти по природа.

Обидете се да не бидете толку критични и дадете му право на глас и на партнерот. Заедно правете ги плановите за иднината.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg