Љубовен хороскоп за февруари 2022: Бикови – љубовта ќе ве однесе во нов град, Близнаци – партнерот ви е ветер во грб

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2022-bikovi-ljubovta-kje-ve-odnese-vo-nov-grad-bliznaci-partnerot-vi-e-veter-vo-grb-2.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Околностите на почетокот на месецот ќе ве натераат повеќе да обрнете внимание на семејството и да се потрудите да ги подобрите односите и условите за живот со партнерот. Ќе внесете нешто ново во врската, а тоа ќе биде токму нешто што долго недостасувало и ќе ви ја врати блискоста. Ќе ги зголемите заедничките финансии или имот, ве очекуваат добри работи. Уживате во стабилноста и страстите во текот на целиот месец.

Ако сте слободни:

Февруари ќе биде поволен месец за почеток на врска, а за среќа, вие ќе имате повеќе од една опција за избор. Посебно ќе ви привлечат внимание два кандидата, со изгледот, но и со особините. Нема многу да размислувате и ќе се препуштите на онаа личност со која веднаш ќе „кликнете“ и ќе се јави хемија и меѓусебни симпатии. Повозрасните Ваги размислуваат за заеднички живот, па нема да губат време.

Скорпија

Ако сте во врска:

Ѕвездите ви се наклонети во текот на месецот, па уште во првата недела ќе дојде до подобрување на односите со партнерот. Ќе си ги почитувате договорите и зборот, а ќе планирате и заеднички цели. Ќе уживате во долги и искрени разговори, преку кои ќе си ја соголите душата. Тоа го прави вашиот однос стабилен. Очекувајте и многу заедничка забава, завршување важни обврски и промени кои ќе ви ја подобрат врската.

Ако сте слободни:

Многу слободни Скорпии немаат намера во февруари да го променат љубовниот статус, но повеќето може да се предомислат кога ќе запознаат оптимистична личност која ќе им го направи секојдневието розово. Ќе ви годи дружбата и разговорот со оваа личност која одговара на вашите потреби за емотивна врска. Ќе поминувате многу време заедно, а до крајот на месецот љубовта ќе ве обземе.

Стрелец

Ако сте во врска:

Се очекува подобрување на односите со партнерот и конечно надминување на недоразбирањата и несогласувањата на кои наидувавте. Ќе имате меѓусебно разбирање и ќе знаете што ви е потребно еден на друг. Ќе се посветите на новите цели и ќе ги исполните. Покажувањето иницијатива ќе биде многу важна, а ќе бидете полни со идеи и планови. Можни се мали несогласувања околу финансии на крајот на месецот, но ќе успеете да ги решите.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе се одвива мирно, а веќе во втората може да запознаете личност која ќе ве привлече на прв поглед и ќе ви остави многу позитивен впечаток, иако не очекувате да пронајдете љубов. Тоа што ќе пронајдете некој со толку заеднички интереси и размислувања, како и страста која ќе се разгори помеѓу вас, ќе ве натера до крајот на месецот да си го промените љубовниот статус.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата декада на месецот ќе ја посветите на исцрпни разговори и дебати со партнерот, но тоа ќе влијае позитивно на вас. Ќе се опуштите меѓусебно, а уште повеќе ќе се зближите. Ќе му се доверите на партнерот околу некои лични грижи, а ќе наидете на голема поддршка. Ќе уживате во новите активности и секојдневието на кое не сте навикнати од претходно.

Ако сте слободни:

Ќе наидете случајно на некоја личност која ќе ве маѓепса со страста со која зрачи. Потребен ви е партнер кој е полн со живот и ќе ве натера да станете од кревет и да си го исполните денот со интересни активности. Ќе имате многу заеднички теми на разговор, интимно ќе се поврзете, а многу набргу ќе почнете емотивна врска.

Водолија

Ако сте во врска:

Околностите ќе бараат од вас во првата декада од февруари да внесете значајни промени во односот со саканата личност. Во спротивно, ќе западнете во монотонија, што би се одразило негативно на стабилноста на вашата врска. Кон средината на месецот многу работи ќе ви се разјаснат, ќе ги гледате предностите кај партнерот и ќе ја вреднувате поддршката која ви ја дава. Кон крајот на месецот ќе се разгорат страстите и ќе се вратите во нормала.

Ако сте слободни:

Строги сте кон бирањето партнери во текот на месецот на љубовта, како да сакате да ставите штит против љубовните стрели. Ретко кој ќе се вклопува во вашите критериуми и потреби за врска. Сепак, до крајот на месецот може да се појави личност која ќе има јасни цели и амбиција, па ќе ве натера да омекнете и да дадете шанса. Мали се шансите за врска, но можна е авантура.

Риби

Ако сте во врска:

Постепено ќе почнете да ги надминувате несогласувањата и недоразбирањата кои сте ги имале во изминатиот период. Време е да го подобрите социјалниот живот и да не се затворате дома. Внесете динамика во односот, почнете почесто да излегувате сами, но и со заеднички пријатели. Ќе имате повеќе време да го подобрите квалитетот на врската, ќе добивате поддршка и ќе имате доверба.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе ви донесе обновување на контакти со некоја личност од минатото, со која без причина сте го прекинале односот. Овојпат сте подготвени да си дадете шанса и да си пружите доверба, па и да си ги признаете емоциите. Ќе се впуштите во врска, но за почеток ќе ја држите далеку од очите на јавноста.



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за април 2024: Бикови – седите на две столчиња, Близнаци – некој сака афера со вас Ракови – може да ја направите најголемата грешка водени од страст и да си ја уни...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg