Љубовен хороскоп за февруари 2022: Бикови – љубовта ќе ве однесе во нов град, Близнаци – партнерот ви е ветер во грб

Февруари ќе помине во знакот на патувањата – некои ќе имаат романтично зимување со партнерот, а други љубовта ќе ги однесе во друг град за да се спојат со посакуваната личност.

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2022-bikovi-ljubovta-kje-ve-odnese-vo-nov-grad-bliznaci-partnerot-vi-e-veter-vo-grb-01.jpg

Повеќето слободни знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа, а оние кои веќе се во врска, уште повеќе ќе ги зајакнат односите со партнерот.

Февруари ќе биде месец кога љубовта ќе цвета, но што да очекувате подетално, погледнете во продолжение:

Овен

Ако сте во врска:

Првата половина од февруари ќе ви донесе усогласеност со саканата личност и можност да надоместите за пропуштените заеднички моменти во изминатиот период, заради потребата да се посветите на себеси и личните обврски. Ќе поминувате повеќе време со партнерот, но и во кругот на целото семејство. Добро ќе се разбирате и ќе се сложувате за многу разни работи, што е најважно. Се туркате меѓусебно нагоре и не дозволувате некој да се почувствува како да нема на кого да се потпре. Кон крајот на месецот ќе знаете што треба за уште повеќе да се сплотите.

Ако сте слободни:

Почетокот на месецот ќе ви помине мирно, без значајни случувања и турбуленции. Во втората половина на месецот ќе запознаете личност која ќе ве привлече на прв поглед. Во вас ќе се разбудат страстите, а симпатиите ќе бидат обострани. Ќе почнете почесто да се гледате и брзо ќе се впуштите во авантура. Се очекува да се развијат силни емоции кои ќе ве натераат да пробате да започнете врска која може да биде сериозна.

Бик

Ако сте во врска:

На почетокот на февруари можно е некое заедничко патување со партнерот, каде ќе може целосно да се препуштите на уживање. Ова патување, макар и кратко, ќе има многу позитивно влијание на вашата врска. Ќе размислувате на иднината и тема на разговор ќе биде иднината. Кон крајот на месецот, интимните средби ќе ги замените со дружење во парови или поголеми друштва и почесто ќе излегувате. Ви годат заедничките активности и избегнувањето на монотонија.

Ако сте слободни:

Февруари и на слободните Бикови ќе им донесе шанси за патувања и забави. Ќе имате повеќе од една можност да започнете емотивна врска, а најмногу ќе ве привлекува личност која ќе биде оригинална, амбициозна и полна со иницијатива. Не сакате мрзливи партнери, потребно ви е некој да покрене акција и да ве одржува во динамично темпо. Постои можност личноста која ќе ви се допадне да живее или да се сели подалеку од вас, па ќе ви се отворат нови хоризонти.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во текот на февруари нема да имате проблем да се разберете со партнерот и ќе имате исти гледишта и сфаќања за работите. Ќе се согласувате околу заедничките цели, а најважно – околу финансиите. Ќе имате време и за интимни моменти, кога ќе ја разгорите страста. Кон крајот на месецот ќе внесете некој новитет што ќе ви донесе подобрување на односите и остварување на некоја заедничка цел. Отворени сте, искрени и зрачите со топлина. Имате потреба од партнерот, кој ви е ветер во грб.

Ако сте слободни:

Во првата декада од месецот се очекува запознавање со личност која ќе ви ги разбуди скриените страсти и ќе ги исполнува вашите високи критериуми и очекувања за љубовта. Ќе ви годи вниманието кое го добивате и ќе се чувствувате поласкано. Амбицијата и стабилниот карактер се работите на кои најмногу ќе „паднете“, но нема да избрзувате. Во втората половина од месецот може спонтано да започнете емотивна врска.

Рак

Ако сте во врска:

Патувања, викенд прошетки, еднодневни излети – сами и во друштво – се на вашата заедничка агенда со партнерот во месец февруари. Ќе внесете повеќе динамика во односот и ќе ја освежите врската. Полесно ќе се согласувате околу финансиски влогови за подобрување на заедничкиот живот, но и околу домот. Кон средината на месецот ќе се разгорат страстите и ќе си посветите повеќе време во интимна атмосфера.

Ако сте слободни:

Познанството со личност која живее во друг град или земја, ќе се претвори во обострана симпатија и потреба за секојдневно допишување и слушање. Целосно ќе си ја отворите душата еден на друг виртуелно. Нема да се покаете ако се решите да се сретнете во живо. Иако можеби ќе започнете врска на далечина, не се затворени опциите за заеднички живот.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе пронајдете каде лежи проблемот кој доведе до несогласувања, пречки и заладување на односот со партнерот во последниот период. Од вас ќе се очекува да прифатите поголема одговорност за заедничкиот живот и да придонесете кон остварување на некои цели кои сте ги наумиле како пар. Во втората половина на месецот околностите се поволни за да внесете новитети кои претходно недостасувале во врската. Забави, заеднички патувања, но и интимни вечери ќе ве зближат со партнерот.

Ако сте слободни:

Вашите критериуми за избор на партнер се прилично високи во текот на февруари. Сепак, се очекува ѕвездите да ви се насмевнат и уште во првата половина да пронајдете личност која ќе ве шармира со сериозноста, комуникативноста и амбициозноста. Она што најмногу ќе ве натера да занемарите некои критериуми е тоа што личноста ќе биде отворена за врска и одлично се сложува со вашите гледишта на долг рок. До крајот на месецот ќе се запознаете подобро и ќе ви се промени животот.

Девица

Ако сте во врска:

Хороскопот предвидува повеќе динамика во вашиот однос во текот на февруари. Ќе внесете повеќе забава, а ќе почнете и повеќе да излегувате и да си поминувате добро. Ќе си давате слобода за самостојни проводи, но и заедно знаете да се забавувате. Ќе знаете како да ставите насмевка на лицето на саканата личност и да ја исполните со среќа, но и ќе си исполните некое ветување. Ќе уживате во заедничко откривање на нови интереси.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе ве привлече некоја личност која ќе ви ги размрда пеперутките во стомакот, но и ќе ви ја разгори страста. Можно е брзо да дојде до обострано вљубување. Многу брзо ќе се одвиваат работите и без размислување ќе се впуштите во нешто посериозно. До крајот на месецот веќе ќе бидете на „седмо небо“.

Уште 6 знаци на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за април 2024: Бикови – седите на две столчиња, Близнаци – некој сака афера со вас Ракови – може да ја направите најголемата грешка водени од страст и да си ја уни...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg