Најголемите стереотипи за секој од хороскопските знаци во кои не треба да верувате

Вага – Неодлучни

Иако понекогаш може да се случи на Вагите да им биде потребно подолго време за да донесат некоја одлука, сепак тоа е така затоа што тие постојано се обидуваат да направат баланс помеѓу она што им го кажува здравиот разум дека треба да направат и патот по кој ги води срцето.

Тие секогаш имаат проблем кога треба да одлучат дали да го изберат она што го сакаат или она што знаат дека треба да го сакаат и дека е добро за нив.

Скорпија – Мислат само на секс

Најголемиот стереотип за Скорпиите е дека постојано мислат само на секс, напротив тоа се луѓе со мошне цврста волја, па ако одлучат дека треба да апстинираат од задоволства може да поминат месеци без да се впуштат во сексуални авантури.

Тие се свесни за моќта на сексот, но она по што најмногу копнеат е интимноста и нежноста и сакаат да бидат сакани такви какви што се.

Кога Скорпиите се страсни во интимните мигови, секогаш зад тоа постојат подлабоки емоции и чувства.

Стрелец – Страв од врски

Слободниот дух на Стрелците често се толкува како страв од врзување.

Иако овие луѓе сакаат да бидат слободни, сепак знаат да им посветат во целост внимание на луѓето што им помагаат да пораснат, што им покажуваат нови светови и им отвараат нови хоризонти.

За овие луѓе идеален партнер е тој што постојано ќе знае да им покаже нешто ново и да ужива со нив во нови авантури.

Јарец – Конзервативни

Еден од најголемите митови за Јарците е дека се конзервативни и патријархални и дека постојано мора да се водат по некои правила на моралот.

Тие се мошне самокритични и сакаат да ги решат проблемите, а мора да бидете свесни дека тие барања што ги имаат од своите најблиски се истите оние работи што си ги наметнуваат и себеси.

Водолија – Нестабилност

Иако се ексцентрични и чудни, тоа не значи дека се нестабилни.

Точно е дека тие уживаат во сѐ што е невообичаено, ново и поинакво од другите луѓе и отскокнуваат од толпата, но во ниту еден случај не се нестабилни.

Тие секогаш имаат точно направен распоред по кој ги следат сите чудни и невообичаени навики во сопствениот живот.

Риби – Намќори

Рибите мошне често се затвораат во некој свој имагинарен свет, па заради тоа на другите луѓе може да им наликува дека станува збор за намќори, затворени и интроверти.

Со оглед на тоа што имаат мошне бујна имагинација ним многу често им е проблем да ги искажат сопствените мислења и сопствените емоции.

Тие имаат огромна емпатија и кога не можат да се носат со сопствените емоции, најчесто се затвараат во себеси и во своите замислени светови, каде нештата секогаш се поубави.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg