4 најмистериозни мажи во хороскопот – никогаш не знаете што им се случува во главата

Дали некогаш сте се запрашале во кој хороскопски знак се родени најмистериозните мажи?

Najmisterioznite-mazi-na-zodijakot-01.jpg

Некои мажи секогаш ги чуваат тајните исклучиво за себе. Не е битно дали се дружељубиви или екстровертни. Поентата е во тоа што не сакаат да ги отворат сите карти поради карактерот.

Тие не го прават тоа намерно, едноставно е дел од нивната природа.

Доколку сте запознале маж чиј карактер не можете никогаш целосно да го откриете, не знаете многу за него, а тој многу ретко зборува за себе и за својот живот, проверете дали се наоѓа на списокот на најмистериозни знаци…

Скорпија

Доколку постои знак чија репутација на мистерија ја „надминува вселената“, тоа е Скорпијата. Овој човек никогаш нема да ви го каже она што го мисли.

Секогаш ги чува тајните и има ас во ракавот што ќе ги изигра кога ќе му биде најпотребно.

Мажот во знакот на Скорпија не сака да знаете што се случува во неговиот ум за да го манипулирате. Тоа потајно е неговиот најголем страв и мотивот за мистериозноста.

Вага

Постои причина зошто Вагите се сметаат за мистериозни мажи, иако се дружељубиви, зборлести и изгледаат екстровертнo. Сè што кажуваат и прават е бесмислено и никогаш не се однесува на нивниот личен живот или на она што навистина го мислат.

Ретко кога си го отвораат срцето пред другите. Кај мажот во знакот на Вага секогаш ќе има некоја мистерија која ќе фрла сенка на неговиот живот.

Риби

Рибите се чувствителни, романтични и скромни. Тие се исто така и доста таинствени. Дејствуваат главно врз основа на својата интуиција, која се натпреварува со интуицијата на Скорпијата.

Мажот во знакот на Риби забележува сè до детали, но никогаш нема да ви каже сè што ќе види. Ретко се „отвора“ и само доколку навистина сте ја стекнале неговата доверба може да ви открие мал дел од себеси.

Јарец

Мажот Јарец, поради својот специфичен изглед, има „облак“ на мистерија околу себе. Ова не е знак кој сака да зборува за себе.

Ќе го забележите како молчеливо седи во аголот и внимателно набљудува, наместо да зборува за неважни работи.

Ќе зборува само доколку смета дека пред себе има извонреден соговорник, но повторно нема да открива работи за себе.

Тој „купува“ информации, а не ги „продава“. И токму тоа ги тера другите упорно да се прашуваат за него и неговиот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се вистински „мамини мази“ Мајката е посебно суштество во животот на секој човек и без разлика колку години...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...
Една особина според хороскопот со која го иритирате вашиот партнер Никој не е совршен и сите имаме по една, или многу поверојатно, неколку маани, с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg