Фобии кои најмногу го мачат секој хороскопски знак (и зошто)

Najgolemite-stravovi-kaj-sekoj-od-znacite-02.jpg

Вага

За припадниците на овој знак, општеството е важен фактор во животот, а еден од нивните најголеми стравови е автофобијата – стравот да останат сами или изолирани.

Може да се јави и офидифобија или страв од влекачи, најчесто змии. Бидејќи овој знак е прилично естетски ориентиран, тие се плашат да не ја изгубат убавината и се плашат од стареење.

Скорпија

Припадниците на овој знак со право се нарекуваат „мрачен знак“, затоа што сè она што за другите е фобија, за нив е извор на интерес и набљудување.

Сепак, тие не се имуни на ирационални стравови, па да речеме дека честопати имаат катагелофобија или страв од исмејување. Поради нивната желба да ги контролираат работите, може да имаат и паничен страв од беспомошност.

Стрелец

Големите љубители на движењето, авантуристичките Стрелци, имаат најголем страв во животот од какви било ограничувања – дали од губење на слободата, премалиот простор или неможноста да влијаат врз сопствените животи поради финансиски тешкотии. 

Кај нив е присутен и стравот од преземање одговорност за нешто што може да влијае на другите луѓе.

Јарец

Дисциплинираните припадници на овој знак најдобро се чувствуваат додека можат да ги контролираат сите ситуации во животот, вклучително и нивната здравствена состојба.

Затоа често пати имаат хипохондрија – параноичен страв од развој на болести.

Исто така, припадниците на овој знак имаат изразен страв од осаменост, но на тоа реагираат со повлекување од општеството. Тие се плашат и од можноста да ја загубат работата или парите.

Водолија

Без разлика дали станува збор за одење на работа или училиште, брак или самата идеја да основаат семејство, Водолијата често пати е загрижена да преземе одговорност.

Во основата на овој страв е стравот дека не можат да ги исполнат туѓите очекувања, но и одбивањето да го сторат тоа затоа што не им се допаѓа кога другите ги принудуваат да донесуваат одлуки. Затоа, јавните и државните институции за нив се вистински кошмар.

Риби

Поради нивната сонлива и емотивна природа, припадниците на овој знак се уникатни во замислувањето сценарија во меѓучовечките односи.

Ова обично се сведува на негативни приказни, па постои ирационален страв од отфрлање или напуштање од и на најблиските луѓе.

Освен тоа, не сакаат премногу да се експонираат во јавноста и се плашат да зборуваат пред група луѓе (глософобија).

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава