Кои хороскопски знаци се вљубуваат најбрзо, а кои скоро никогаш?

Додека на Јарците им е потребна цела вечност да се вљубат, Овните се вљубуваат речиси веднаш, но брзо губат интерес.

koi-horoskopski-znaci-se-vljubuvaat-najbrzo-a-koi-skoro-nikogash-01.jpg

Дали се вљубувате брзо откако ќе почнете нова врска, или потребно ви е време добро да го запознаете партнерот пред да почнете да размислувате за какви било емоции?

Можеби астрологијата открива нешто повеќе за ова.

Во продолжение хороскопските знаци рангирани според тоа колку брзо се вљубуваат, почнувајќи од оние кои чекаат најдолго:

Јарец

На Јарците им треба најмногу време да се вљубат бидејќи кога станува збор за љубовта, тие се најтврдоглави.

Јарците сметаат дека секогаш треба да избираат помеѓу љубовта или кариерата – нешто што не е воопшто точно.

Тие дефинитивно мораат да сфатат дека со вистинската личност, можат да имаат и прекрасна врска, и време да ѝ се посветат на кариерата.

Водолија

Кога ќе се вљубат, Водолиите се совршени партнери. Но, додека да стигнат до таа фаза, може да помине многу време.

Водолиите се вљубуваат бавно најмногу бидејќи скоро секогаш се затвораат штом ќе сфатат дека некоја личност многу им се допаѓа. Некогаш се плашат дека ќе изгубат контрола, а некогаш им е страв да бидат премногу отворени со некого.

Но, ако не го променат овој став, целиот живот ќе имаат проблеми со љубовта.

Девица

Девиците си поставуваат премногу прашања што не им дозволуваат да се вљубат.

Што ако врската не функционира? Што ако залудно трошат време на партнерот кој не може да им даде сè што сакаат? Што ако тие се вљубат, но партнерот не ги возврати чувствата?

Девиците бараат проблеми каде што нема, па затоа воопшто не се брзаат кога станува збор за љубов.

Лав

Лавовите можат да бидат прекрасни партнери, но генерално им е тешко да се вљубат.

Тие се плашат дека ќе ја изгубат контролата доколку се вљубат, па постојано бараат причина да се движат побавно.

Сепак, мора да го надминат ова ако сакаат да го најдат вистинскиот партнер.

Близнаци

Близнаците минуваат толку многу време обидувајќи се да се разберат себеси, што обично немаат време да го направат тоа за некој друг.

Тие, едноставно, не знаат што сакаат и што очекуваат од партнерот, па вљубувањето им претставува проблем.

Сè додека не најдат одговори за себе, Близнаците ќе имаат тешкотии со вљубувањето.

Скорпија

Како повеќето знаци, и Скорпиите можат да бидат одлични партнери, но обично се воздржани на почетокот од врската.

Скорпиите се таинствени, приватни, љубоморни и тврдоглави. Тие не сакат да бидат повредени и мразат игри, па избегнуваат да преземаат ризици во љубовта.

Сепак, за некои личности вреди да се ризикува, а Скорпиите мораат да го сфатат тоа.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава