Една причина што ве држи будни навечер, според хороскопскиот знак

koi-stravovi-i-grizhi-ve-drzhat-budni-navecher-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Вам ви е тешко да ги прифатите тешките моменти и големите предизвици со коишто сте се соочиле и постојано чекате да се појави некој проблем.

Што значи, вие се грижите и не можете да спиете за работи кои најверојатно никогаш нема да се случат.

Одново и одново помислувате на стресните мигови од вашиот живот и постојано се плашите дека наскоро ќе се соочите со нешто слично.

Време е да престанете да живеете во иднината и почнете да се грижите само за проблемите што ги имате во сегашноста, односно проблемите што навистина постојат.

Скорпија

Бидејќи сте мистериозна личност која ја цени својата приватност, чувствувате најголема грижа кога сметате дека сте откриле премногу за себе

Размислувате за тоа дали сте кажале премногу, дали сте биле премногу искрени или премногу отворени.

Не сакате другите да ги дознаат сите детали за вас бидејќи ви е страв и од нивното мислење.

Ќе се чувствувате многу подобро ако бидете поотворени барем пред најблиските, но и ако сфатите дека нема ништо лошо во тоа да откриете некој детаљ повеќе пред другите.

Стрелец

Вашата најголема грижа е начинот на којшто се изразувате, односно дали другите ќе ве разберат како што сакате.

Ако воочите дека соговорникот не ја сфаќа вашата поента, наместо да пробате да ја објасните, вие паничите.

Друг проблем за вас е и чувството на заробеност. Сакате целосна контрола над вашиот живот и огромна слобода, па ако забележите дека нешто ви ги ограничува овие нешта, ќе размислувате за тоа до доцна во ноќта.

Морате да сфатите дека луѓето не секогаш ќе ве разбираат, како и дека можете да направите промена во миговите кога се чувствувате заробено.

Јарец

Слично како Девиците, и вие сте трудољубива личност со слични грижи и стравови.

Вам ви е страв дека и покрај сиот труд, никогаш нема да бидете успешни и никогаш нема да ги достигнете вашите цели.

Кога, пак, ќе постигнете нешто, сметате дека тоа не е доволно и грижите продолжуваат.

Имате превисоки стандарди за вас, а токму тоа ве држи будни навечер.

Бидете пореалистични со очекувањата што ги имате за себе и со текот на времето ќе успеете да се ослободите од овие грижи.

Водолија

Вам ви е потребно внимание, и тоа многу внимание.

Сакате другите да ве забележуваат и да ви се восхитуваат, па кога некој не го прави тоа, почнуваат да ве обземаат секакви грижи.

Почнувате да се грижите за изгледот, за вашите способности и за буквално секој детаљ од вашата личност.

Самодовербата ви се руши и почнувате да се сомневате во себе.

Морате да престанете да бидете зависни од вниманието на другите и да сфатите дека нема секогаш да бидете во центарот на вниманието.

Риби

За вас е најважно другите да ја согледаат, но и да ја ценат вашата креативност.

Ако некој не ја цени оваа ваша страна, почнувате да се сомневате во себе и вашата самодоверба страда.

Кога ќе налетате на личност која не ве разбира, обично не можете да заспиете и постојано се прашувате која е причината за тоа.

Ќе се ослободите од овие грижи кога ќе ви стане јасно дека некои луѓе нема да ве разбираат, но тоа не значи дека проблемот е во вас.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg