Љубовен хороскоп за април 2022: Овни – партнерот ќе ви ги довери најдлабоките тајни, Ракови – возбудлива љубовна авантура

Вага

Ако сте во врска

Првата декада од април ќе ви донесе разбирање и подобра комуникација во односот со партнерот, но сепак можно е да се јават мали проблеми. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе време еден за друг, а ова ќе ви даде можност да им ставете крај на недоразбирањата. Овој месец добро би било да се фокусирате на поддршката што си ја давате еден на друг.

Ако сте слободни

Целиот месец ќе мечтаете и ќе настојувате да ја идеализирате личноста што ќе ви се допаѓа, но ова ќе ви биде од корист. Ќе имате можност да се зближите со неа и кратко по познанството ќе почнете да се гледате. Во втората половина од месецот ќе се појават обострани чувства, а ова дополнително ќе ве зближи. До почетокот на следниот месец најверојатно ќе почнете и сериозна врска.

Скорпија

Ако сте во врска

На почетокот до месецот вашите чувства кон партнерот ќе станат посилни, а вие со задоволство ќе го покажувате тоа. Ќе внесете и некои позитивни промени во врската кои ќе имаат добро влијание и на односот со партнерот, и на вашето расположение. Во третата декада од месецот чувствата кон партнерот ќе станат уште поинтензивни, па подгответе се за хармоничен период исполнет со многу љубов и страст.

Ако сте слободни

На некоја забава ќе сретнете личност која веднаш ќе ви се допадне, но и која веднаш ќе ви го возврати вниманието. Ќе почнете да се гледате и речиси секој слободен миг ќе го минувате заедно. И двајцата ќе сфатите дека се чувствувате одлично во овие мигови, па до крајот на месецот ќе почнете сериозна врска.

Стрелец

Ако сте во врска

Во првата половина од месецот ќе мора да направите компромис ако сакате да ги реализирате плановите со партнерот. Најдете време за сериозен разговор и споделете ги сите грижи и проблеми. Во втората половина од април ќе направите позитивни промени во меѓусебниот однос, ќе си покажувате повеќе разбирање и, генерално, и двајцата ќе се чувствувате подобро. Можно е да одите и на кратко викенд патување.

Ако сте слободни

Ве очекува познанство со динамична личност која ќе ве покани на состанок во природа уште при првата средба. Ќе се согласите и набрзо ќе сфатите дека имате многу заеднички теми за разговор. Кон крајот на месецот ќе почнете и да се вљубувате, а чувствата ќе бидат обострани. Оваа врска ќе има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе.

Јарец

Ако сте во врска

Во првата декада подгответе се за позитивни промени во односот со саканата личност. Комуникацијата ќе биде подобра и ќе можете да се разбирате само со поглед. Во втората половина од месецот нештата ќе станат уште подобри, а ќе ја зајакнете и меѓусебната доверба. Ова, пак, ќе ве охрабри да си доверите тајни што и двајцата не би ги кажале никому.

Ако сте слободни

Кон средината на месецот ќе запознаете креативна личност која ќе ви каже дека ѝ се допаѓате на необичен начин. Ова веднаш ќе ве освои, па ќе почнете да излегувате заедно. Поради отвореноста, личноста многу ќе ви се допадне, а набрзо можно е да се роди и љубов. Најверојатно ќе почнете врска уште пред да заврши месецот.

Водолија

Ако сте во врска

Ќе бидете расположени за сериозни разговори со саканата личност во првата половина од април. Слободно ќе го споделувате вашето мислење, а со ова драстично ќе го подобрите вашиот однос и ќе можете да направите планови за реализација на заедничките цели. Кон крајот на месецот можни се несогласувања поради некоја ваша тајна. Вашата тврдоглавост само ќе ја влоши ситуацијата.

Ако сте слободни

Во април ве очекува познанство со личност која веднаш ќе ви се допадне поради нејзината одлучност. Ќе се вљубите уште при првите неколку средби, најмногу поради многуте заеднички ставови. Сепак, набрзо ќе сфатите дека имате многу различни животни цели, а веројатно нема да ги надминете овие разлики.

Риби

Ако сте во врска

Во април ќе воочите некои нови одлики кај партнерот кои досега не сте ги забележале. Ова, пак, само ќе ги зајакнете вашите чувства кон него. Целиот месец ќе можете да си посветите повеќе време еден на друг и ќе се чувствувате одлично. Нештата ќе стануваат само подобри, но за да ја зачувате хармонијата, немојте да криете ништо од вашиот партнер.

Ако сте слободни

Во април ќе имате можност да запознаете личност која ги исполнува сит ваши критериуми. На почетокот ќе бидете таинствени околу оваа нова авантура и ќе пробувате да се скриете од вашите пријатели. Сепак, до крајот на месецот ќе сфатите дека се чувствувате одлично со оваа личност, па ќе ја запознаете со пријателите и ќе почнете сериозна врска.



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg