Како изгледа живеењето со секој хороскопски знак?

На Рибите не им е грижа дали сте ги измиле садовите, но Јарците нема да ви дозволат да го поминете денот пред телевизор дури и кога немате ниту една обврска.

kako-izgleda-zhiveenjeto-so-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Без разлика дали станува збор за пријател или партнер, кога почнувате да живеете со некоја личност, откривате многу работи што претходно не сте ги забележале.

Дали обрнува внимание на хигиената во домот, дали ги зема предвид вашите потреби, дали го средува својот неред – сето ова се работи на кои не се обрнува внимание сè додека не почнете да живеете со некого.

Ако наскоро планирате да се вселите со некого, можеби астрологијата ќе ви помогне да откриете на што треба да се подготвите.

Како изгледа живеењето со секој хороскопски знак?

Овен

Овните се забавни личности, па ако живеете со нив, никогаш нема да ви биде досадно.

Истовремено, тие ќе ве мотивираат да станете подобри личности – ако, на пример, сакате да почнете со вежбање, тие со задоволство ќе ви прават друштво само за да ве натераат да станете од креветот.

Овните се и личности кои сакаат забава, а не им пречи и да го средуваат домот.

Единствениот проблем е што некогаш се навистина затворени, па нема да ви кажат кој проблем ги мачи кога е очигледно дека не се чувствуваат најдобро.

Бик

Биковите го сакаат комфорот, па бидете сигурни дека вашиот дом ќе биде најудобното катче ако живеете со овој хороскопски знак.

Тие обрнуваат внимание и на најситните детали – од крпите во бањата, па сè до приборот за јадење.

Но, ако живеете со Бик, нема да имате слобода да позајмувате негови лични работи, а уште помалку храна.

Покрај тоа, голема е веројатноста Бикот да го минува поголемиот дел од времето дома, па скоро никогаш ќе немате можност да бидете сами.

Близнаци

Близнаците се секогаш расположени за дружба и разговор, па ако живеете со нив, никогаш нема да се почувствувате осамено.

Тие имаат одлична смисла за хумор, а и со задоволство ќе ви помогнат кога ќе се соочите со проблем, особено ако е финансиски.

Сепак, нивната дружељубивост некогаш може да биде нападна бидејќи не сфаќаат дека некои луѓе имаат потреба и од време за себе.

Рак

Домот е мошне важен за Раковите и ќе направат сè во нивна моќ за да го направат што е можно поудобен.

Овие луѓе се одлични слушатели, па ако живеете со Рак, секогаш ќе имате „рамо за плачење“ и личност која вистински ќе ги разбере вашите проблеми.

Раковите се и многу грижливи, па со задоволство ќе ви помагаат ако се разболите.

Но, Раковите можат да бидат и избувливи за ситниците во домот, па немојте да бидете изненадени ако ви се развикаат за валканите садови или полната корпа со отпадоци.

Лав

Лавовите се пријателски настроени личности кои секогаш се во центарот на вниманието, па ако живеете со нив, подгответе се за многу гости.

Сепак, и тие имаат лоши денови, а во овие мигови целосно се затвораат. Проблемот е што нема да ви кажат што ги мачи и веројатно ќе мислите дека вие сте виновникот.

Истовремено, ќе треба да внимавате да не ги навредите доколку не сакате жестока расправија.

Девица

Ако го делите домот со Девица, бидете сигурни дека никогаш нема да видите неред. Девиците се експерти за организирање, па во вашиот дом сè ќе биде „под конец“.

Девиците се и одговорни личности и ќе можете да се потпрете на нив за што било.

Од друга страна, тие сакаат да им покажете почит, па ако направите нешто дома без да се консултирате со нив, подгответе се за расправија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg