Каква (не)среќа може да очекува сeкој хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур?

За најголем дел од хороскопските знаци ова ќе биде период кога ќе се соочат со голем број проблеми и недоразбирања, а само еден знак ќе биде полн со инспирација и креативност. Каква (не) среќа може да очекувате во последните денови од мај и на почетокот на јуни?

kakva-ne-srekja-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-retrogradniot-merkur-01.jpg

Од 10-ти мај до 3-ти јуни Маркур е во ретроградна фаза, а зад себе ќе остави вистински хаос во животот на некои од хороскопските знаци.

Секој од хороскопските знаци треба да биде внимателен на одредено поле во сопствениот живот со цел да избегне поголеми проблеми и компликации.

Овен

Бидете особено внимателни во комуникацијата со луѓето околу вас, но и во работењето со сите технолошки уреди.

Познато е дека сте мошне импулсивни, но во овој период потрудете се добро да проверите дали сте ги зачувале документите и материјалите на кои работите – можни се проблеми со апликациите на мобилниот телефон и компјутерите.

Во последната седмица од мај до 3-ти јуни бидете особено внимателни како ги трошите парите, затоа што можни се и некои непланирани (одамна заборавени) трошоци.

Бик

Биковите во овој период ќе имаат најголем проблем со самодовербата.

Ви се случуваат поголем број промени во животот, заради што сте анксиозни и трошите многу време во преиспитување на сопствените одлуки. Загрижени сте за тоа каков впечаток оставате кај другите луѓе, така што периодов мошне ќе размислувате за тоа како да го подобрите сопствениот имиџ.

Во последната недела од мај ќе бидете сконцентрирани на тоа да направите повеќе промени кај себеси и да бидете поуверени во тоа што го правите.

Близнаци

За Близнаците ова ќе биде период кога активно ќе работат на сопствениот физички изглед. Тие имаат намера надворешно да покажат како навистина се чувствуваат однатре.

Во последната недела од мај, и на почетокот на јуни, Близнаците ќе сакаат времето да го поминат сами, во медитација и средување на сопствените мисли.

Иако не сте навикнати да бидете изолирани, тоа што ќе одвоите време за себеси е нешто најдобро што можете да го направите во овој период.

Рак

Во последниот период целосно ќе бидете посветени на работата и нема да имате премногу време за дружење и излегувања, а додека сите говорат за последиците од ретроградниот Меркур вам ќе ви се чини дека станува збор за некакви измислици.

При крајот на мај ќе ги почувствувате вистинските последици од ретроградното движење на планетата, кога е можно да имате повеќе кавги и конфликти со пријателите заради некои озборувања и гласини.

Ова ќе биде период во кој пријателствата ќе бидат ставени на тест, а ќе имате можност и да дознаете кој ви е вистински пријател.

Лав

Можно е ненадејно да го промените кругот на пријатели, а во овој период ќе мора да внимавате кому и за што му се доверувате затоа што укажаната доверба на погрешни луѓе може да има долготрајни последици.

Во последната недела од мај, ретроградниот Меркур ќе има особено влијание врз вашата кариера, па ќе треба да бидете мошне трпеливи затоа што можно е да се соочите со проблеми и пречки и одредени задачи да мора да ги извршувате повеќепати.

Оние што не се задоволни со изборот на професијата, овој период ќе го искористат за добро да размислат што треба да направат во иднина.

Девица

Девиците ќе се соочат со повеќе проблеми со проектите и задачите на работното место, па некои од нив дури ќе мора сѐ да почнат од почеток. Но, ова нема да им претставува проблем, затоа што сметаат дека така ќе имаат можност нештата да ги направат подобри.

Кон крајот на мај, Девиците ќе се посветат на промислување на сопствената животна филозофија, а тоа ќе им помогне да се соочат со една голема вистина - дека нивната реалност е во голема мера е поврзана и зависи од личните убедувања.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg