Каква (не)среќа може да очекува сeкој хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур?

kakva-ne-srekja-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-retrogradniot-02.jpg

Вага

Ќе имате голем број идеи и размислувања за некои битни прашања во вашиот живот. Очекувајте да ви се промени мислењето за некои важни работи и да почнете да се прилагодувате на новите сфаќања.

Крајот на мај ви носи повеќе прашања поврзани со финансиската состојба, но и со љубовниот живот.

Оние што се во сериозна врска сега ќе мора искрено да разговараат со партнерот за темите што подолго време ги измачуваат за да спречат поголеми проблеми и нарушена комуникација во врската.

Скорпија

Ова е период во кој ќе ги преиспитувате односите со соработниците, со членовите во семејството, но и со партнерот. Ова е период во кој ќе имате повеќе важни разговори со нив, што главно ќе бидат поврзани со вашите заеднички интереси.

Кон крајот на мај можно е да ги изненадите со тоа што ќе поставите некои нови правила и ограничувања во вашите односи.

Сепак, обидете се да бидете малку пофлексибилни, затоа што одбивањето компромис може лошо да се одрази врз вашите лични односи со колегите, соработниците или партнерот.

Стрелец

Стрелците што се во сериозна романтична врска или оние што имаат долготрајни бизнис партнерства може да очекуваат некои стари проблеми што долго време ги занемарувале повторно да испливаат на површина.

Иако не сакате да водите тешки разговори, свесни сте дека некогаш е потребно да кажете што ве измачува за да можете да ги решите проблемите.

Во последната недела од мај и на почетокот на јуни може да очекувате повеќе здравствени проблеми, доколку во изминатиот период не сте обрнувале доволно внимание на сопственото здравје, но и начинот на живот.

Јарец

Во овој период ќе бидете мошне посветени на тоа како да воспоставите баланс меѓу приватниот живот и работните обврски.

Ова, за вас ќе биде период во кој ќе имате добри идеи како да ги распоредите обврските за да ги завршите поставените цели.

За разлика од останатите знаци, кај вас ретроградниот Меркур го буди заспаното дете и ве прави покреативни и поинспирирани за забавни активности.

Можно е периодов да земете одмор и да си дозволите да уживате во работите што навистина сакате да ги правите.

Водолија

За Водолиите, ретроградниот Меркур ќе донесе турбуленции на љубовен план.

Доколку неодамна започнавте нова врска очекувајте да имате некои недоразбирања со партнерот, а одредени претставници на знакот може да очекуваат да им се врати и некоја стара љубов и давање нова шанса на врската.

Крајот на мај и почетокот на јуни може да ви донесат проблеми со партнерот, со некој член на семејството, но и со родителите. Ќе треба да вложите многу напор и време за да ги решите недоразбирањата.

Риби

Ретроградниот Меркур ќе ви донесе неволји и проблеми ви домот и со членовите во семејството.

Можни се несакани проблеми со расипани уреди во домаќинството, несакани штети во домот, што ќе ве натераат да направите некои промени за да се чувствувате поудобно.

Крајот на мај и почетокот на јуни очекувајте отежната комуникација, па ќе биде потребно добро да размислите пред да направите или да кажете нешто. Исто така, внимавајте на сите важни пораки и мејлови што треба да ги пратите.

Периодов обидете се да бидете побавни во комуникацијата, тоа најдобро ќе ви се исплати на долгорочен план.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...

Најчитани неделава